X
 28.01.2018 Наука

Кинески студенти во изолиран живот 200 дена - симулација за идно престојување на Месечината

студенти
Фото: AFP

Група кинески студенти-волонтери поминаа 200 дена во симулација во „Месечева лабораторија“ во Пекинг како дел од експериментот за тестирање на потенцијалните психолошки ефекти што луѓето можат да ги искусат доколку треба да престојуваат на Месечината. Симулацијата е дел од програмата што се надева дека ќе го унапреди концептот на колонизација на Месечината.

Животот во простор од 160 квадратни метри, кој студентите го нарекуваат дом, бил познат како „Јуегонг-1“ или „Месечева планета“. 200 дена лабораторијата била запечатена и изолирана од надворешниот свет, создавајќи реален модел на изолација што луѓето би го искусиле како дел од животот на Месечината.

Главниот дизајнер на модулот, Лиу Хонг, вели дека искуството го предизвикало системот и психолошкиот статус на волонтерите, меѓутоа, тие го издржале тестот. Ова било особено точно во текот на трите прекини на електрична енергија што ги искусила волонтерската екипа, составена од двајца мажи и две жени. Првиот сет на студенти останал во модулот 60 дена, по што дошле други четворица кои останале 200 дена. Сега се очекува првата група да се врати и да престојува дополнителни 105 дена.

Првиот експеримент со модулот започнал во 2014 година кога тестирањето траело 105 дена. Додека биле во модулот, волонтерите користеле процес на биоферментација за да се справат со отпадните нуспроизводи, што потоа им овозможило да растат експериментални култури и зеленчук. Покрај назначениот простор за овие експерименти, модулот имал и место за спиење и живеење, па дури и простор за одгледување животни.

Иако Кина не планира да слета на Месечината во блиска иднина, овие експерименти се дизајнирани да им помогнат на научниците да предвидат со какви пречки би се соочиле луѓето доколку треба да бидат дел од долгорочна мисија на Месечината. Кина не е единствената земја заинтересирана за создавање база на Месечината: и Илон Маск изјави дека развојот на Месечева база треба да биде приоритет за човештвото. Дополнително, и Русија најави планови за постојана база на Месечината.

И додека многумина се фокусираат на Марс како најжешка дестинација за живот надвор од Земјата, астронаутот Баз Алдрин (кој самиот ја посетил Месечината), минатата година изјави дека можностите што најмногу нудат живот надвор од Земјата можат да се најдат на нашиот сосед -Месечината. Во секој случај, експериментите на кинеската лунарна планета ќе помогнат да се развие подлабоко разбирање за тоа како таквите мисии би можеле да влијаат врз пионерските астронаути што ќе бидат дел од нив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука