X
 30.01.2018 Образование

Наставничка им предава на децата на кој било јазик што го разбираат

sintija
Фото: Techpoint

Минатата година министерот за наука и технологија на Нигерија, д-р Огбонаја Ону, ги најави плановите за предавање наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ) на домородните јазици. Но, како и повеќето ветувања што ги прават владите, тие разочаруваат, а граѓаните се оставени сами да ги реализираат работите.

Токму тоа го направила Синтија Онвучуруба Брите-Чинуле. Таа е наставничка по математика во Порт Харкорт и им го предава овој предмет на своите ученици на локалните јазици, особено игбо и нигерски пиџин.

Таа е најдобриот дипломиран математичар на универзитетот „Намди Азикиве“. Ја основала ПЕЕЛ-иницијативата, непрофитна организација што е особено заинтересирана за подобрување на образованието во Африка, особено на непривилегираните деца.

65 милиони Нигеријци се необразовани и уште поголем, непотврден број немаат добро познавање на англискиот јазик. Дали ова треба да ги спречи да добијат некоја форма на образование? Не, а истото го мисли и Синтија. Нејзината иницијатива спроведува бесплатни програми за туторство за деца: секоја сабота таа учи повеќе од 40 деца, а во четврток предава во притворскиот дом во Харкурт.

Голем дел од нејзините ученици го напуштиле училиштето и не разбираат англиски јазик, па затоа таа го поедноставува нејзиното предавање и објаснува на јазици што тие ги разбираат. Таа објаснува математички равенки на нигериски пиџин, користејќи концепти што би можеле да се поврзат со:

„На пример, обидете се да го најдете 5+7, ќе стане: „Ако можете да носите 5 слатки компири со други 7 слатки компири, колку компири добивате?“

Таа прави кратки видеотуторијали на „Фејсбук“ и на „Јутјуб“ на игбо и нигериски пиџин, а ги споделува на социјалните медиуми.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование