X
 30.01.2018 Образование

Предлог-законот за учебници: Секое училиште ќе може да си избира од кој учебник да учат децата



Секој учебник може да биде во употреба пет учебни години. Учебникот да се избира од каталогот на одобрени учебници, а одлуката ја донесува наставничкиот совет на училиштето по предлог на стручните активи во основните, односно средните училишта и претставниците на родителите на учениците. Ова е една од измените и дополнувањата на Законот за учебници за основно и средно образование, кој по скратена постапка треба да биде излгасан во Собранието. Предлог документот утрово е на разгледување на собраниската Комисија за образование, наука и спорт.

Според предлог-законот, на јавниот повик за учебници може да учествува домашен издавач, но и странски издавач кој е регистриран за издавачка дејност во матичната земја на седиштето, преку овластени законски застапници во Република Македонија. Што се однесува до адаптираните учебници од странство, тие мора да бидат преведени на македонски јазик, ликовно и графички разработени, да имаат изјава од лектор за јазично уредување на текстот, список на лица кои го преведувале адаптираниот учебник од странство и слично.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование