X
 31.01.2018 Живот

Едноставна техника што ќе ви помогне побрзо да помните и да учите

учење

Сцената не е непозната: ја завршувате сесијата за учење во недела, знаејќи сè што треба да знаете. Но во понеделник наутро, кога тестот ќе стигне на вашата клупа, не се сеќавате на ништо.

Нема да поверувате, но едноставната техника за учење цело време била пред вас.

Во декември 2017 година, истражување од Универзитетот во Ватерло прикажа доста едноставна техника за учење: ако сакате нешто да запомните, прочитајте го наглас. Истражувачите откриле дека кажувањето наглас ви помага нештото да го „вметнете“ во вашата долгорочна меморија.

Оваа техника функционира поради нешто што научниците го нарекоа „производствен ефект“ или фактот што произведувањето на зборовите што ги читате со вашиот глас има големо влијание врз меморијата. Читањето наглас ви овозможува визуелно и звучно да ги примите информациите во исто време. „Ова истражување потврдува дека учењето и меморијата имаат корист од активното вклучување“, вели психологот и коавтор на истражувањето, Колин Меклеод. „Кога ќе додадеме активна мерка или производствен елемент на еден збор, зборот станува поизразен во долгорочната меморија, а со тоа и повеќе може да се запомни“, додава тој.

„Кажете ја наглас информацијата што сакате да ја запомните и ќе имате поголема веројатност да се сетите“, вели Меклод. Неговото истражување тестирало четири методи за учење информации, вклучувајќи и тивко читање, слушање некој друг како чита, слушање снимки од себеси додека читате и читање наглас во реално време. Победничкиот метод беше читање наглас во реално време, што на учесниците им даде помеѓу пет и петнаесет проценти зголемување на брзината на учењето.

Уште еден совет за добро учење: бидете јасни за тоа што планирате да учите и зошто.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот