X
 31.01.2018 Култура

Филмот кој Холивуд Репортер го нарече „еден од најдобрите за оваа година“ – „Малиот Голем Живот“ од утре во Cineplexx!

Филмот „Малиот голем живот“ предвидува што би се случило доколку, како решение на пренаселеност, норвешките научници откријат како да се намалат луѓето на висина од 13см и предлагаат 200-годишен премин од големиот во мал свет. Луѓето набрзо сфаќаат дека во минијатурниот свет нивните пари вредат многу повеќе. Со ветувањата за подобар живот, Пол (Мет Дејмон) и неговата сопруга Одри (Кристен Виг) одлучуваат да ги напуштат своите стресни животи во Омах и да се приклучат на новата смалена заедница. Тие превземаат чекор кој ќе ги однесе низ авантура која темелно ќе им ги промени животите.



„Прекрасно. Духовито. Трогателно.“ Така Мет Дејмон ја опишува приказната на режисерите Александар Пејн и Џим Тејлор која го привлекла кон оваа СФ авантура за обичниот човек кому му е пружена втора шанса за живот. Џим Тејлор и неговиот брат, асистент на продуцентот, Даглас Тејлор го осмислиле оригиналниот концепт. „Даг ја осмисли постапката која би можела да ги смали луѓето и потоа пресмета колку мали луѓе би се најале со еден хамбургер“, раскажува Џим. Играјќи се со идејата дека смалувањето е повеќе односно начин како да постанеш милионер, шегата наскоро се претвори во интересна идеја за филм.

Ширењето на границите значеше нагласување на универзалната природа на тема филм. „Нашите јунаци се американец, виетнамка и србин. Во филмот ќе чуете англиски, виетнамски, српски, шпански, норвешки, корејски, арапски, француски па дури и накратко американски знаковен јазик“, додава тој. „Светот на Пол станува поголем кога тој ќе одлучи да се смали.“

Рим, 1973 година. Маскирани мажи киднапираат тинејџер по име Џон Пол Гети III (Чарли Пламер). Неговиот дедо, Жан Пол Гети (Кристофер Пламер), кој е најбогатиот човек во светот, е милијардер нафтен магнат, и е познат по тоа што е ужасен.
Киднапирањето на неговиот омилен внук не е доволно голема причина за тој да се раздели од неговото богатство. „Сите пари во светот“ ја следи Гејл (Мишел Вилијамс), посветена мајка со силна волја, која, за разлика од Гети, постојано ги бирала своите деца пред неговото богатство. За животот на нејзиниот син, во трката со времето кое истекува, таа се обидува да се спогоди со Гети, дури и кога киднаперите на нејзиниот син стануваат се порешителни, насилни и брутални. Кога Гети го испраќа својот загадочен безбедносен човек Флечер Чејс (Марк Волберг) да се грижи за неговите интереси, тој и Гејл стануваат неочекувани сојузници во оваа трка со времето што на крајот ја открива вистинската и трајна вредност на љубовта наспроти парите.



Идејата за филмот се родила кога продуцентот Квентин Куртис ја прочитал книгата за злогласното киднапирање на авторот Џон Пиарсон, која му ја однел на
сценаристот Дејвид Скарпи. „Секако дека сум слушнал за тоа киднапирање, но одсекогаш сакав да снимам филм за парите и за тоа како ги контролираат сите облици на животот. Кога ќе размислите многу наши одлуки зависат од парите, а луѓето кои немаат пари имаат и ограничени можности. Но, парите влијаат и на богатите на начин кој им дава слобода и моќ“.

Оваа недела ни пристигнува и анимираниот филм „Џуџињата го возвраќаат ударот“.
Клои открива дека нејзините градинарски џуџиња не се такви како што изгледаат. Таа мора да направи одлука дали ќе продолжи по својот пат или ќе се вклучи во борба заедно со џуџињата против Троговите.



КИНО ПРОГРАМА (01.02 - 07.02.2018)

Лавиринт: Лек за Смртта 3Д
Секој ден: 16:50, 19:40, 21:30
Викенд: 14:00, 16:50, 19:40, 21:30

Лавиринт: Лек за Смртта 2Д
Секој ден: 18:30, 20:45, 22:15
Викенд: 12:20, 18:30, 20:45, 22:15

Малиот Голем Живот
Секој ден: 17:00, 19:30, 20:30, 22:00

Сите Пари на светот
Секој ден: 16:40, 19:15, 21:45

Џуманџи 3Д
Секој ден: 19:00, 21:15

Џуманџи 2Д
Секој ден: 18:00, 20:15

Братство на крадци 2D
Секој ден: 17:20, 20:00, 22:45

Тато се врати 2Д
Секој ден: 15:15

Покер Кралица
Секој ден: 22:30

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

Џуџињата го возвраќаат ударот 3Д
Секој ден: 15:30, 16:15, 17:15
Викенд: 11:20, 13:20, 15:30, 16:15, 17:15

Истражувачот Тад и тајната на кралот Мида 3Д
Секој ден: 16:30, 18:45
Викенд: 12:40, 14:40, 16:30, 18:45

Истражувачот Тад и тајната на кралот Мида 2Д
Секој ден: 15:45, 17:45
Викенд: 11:40, 13:40, 15:45, 17:45

Фердинанд 3Д
Секој ден: 16:00
Викенд: 12:00, 14:20, 16:00

Фердинанд 2Д
Секој ден: 15:00
Викенд: 11:00, 13:00, 15:00

БАЛЕТ
Дамата со Камелии, БОЉШОЈ, 2018 2Д
Недела: 16:00

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура