X
 02.02.2018 Образование

Дескоска: Училиштата ќе имаат педагози, психолози и специјални едукатори за децата со попреченост


Министерката за образование и наука Рената Дескоска

Инклузија на лицата со посебни образовни потреби, обезбедување физички услови за учениците со физичка попреченост кои во моментот се исклучително ограничувачки, формирање инклузивни тимови во училиштата, унапредување на капацитетите и екипирање на стручната служба со педагози, психолози и специјални едукатори. Ова е дел од Стратегијата за развој на образованието 2018-2025, а министерката за образование и наука Рената Дескоска вчера му ја претстави на комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, кој е во официјална посета на Македонија.

Тие дискутираа за клучните предизвици во наредниот период во однос на почитувањето на човековите права, на различностите и подобрување на меѓуетничката интеграција во предучилишното, основното и во средното образование.

Министерката се осврна на интеркултурното образование, кое во моментот не е соодветно отсликано во наставните или воннаставните активности. Дескоска и Мужниекс разговараа и за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата како место каде што учениците треба да се воспитуваат во духот на толеранцијата, мултикултурализмот и соживотот.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование