X
 02.02.2018 Живот

Обрнете внимание на ознаките на пластичната амбалажа!


Пластични чаши во сите бои
(Фото: Pixabay)


Во последните педесет години се промени начинот на живот, а пластиката речиси ја преплави планетата. Краткорочно гледано, пластиката го унапреди нашиот животен стандард, па дури и ги олесни нашите животи, но долгорочно гледано таа е голема закана и за нашето и за општото здравје на планетета.

На дното на секоја пластична амбалажа е втиснат триаголник со бројка во средината. На тој начин се означува видот на пластиката од кој е изработена амбалажата. Треба да се знае дека не е секој вид пластика еднакво препорачлив за човечка употреба, а одредени пластики се штетни за здравјето.


Ознаки на пластичните амбалажи


1.    PET (често и  PETE) – полиетилен терафталат. Шишињата изработени од ваква пластика се наменети за еднократна употреба. Според некои истражувања, постои можност да испуштаат антимон – тежок метал, како и хемиската состојка EPA, која штетно влијае врз функционирањето на хормоните.

2.    HDP (некогаш и HDPE) – полиетилен со висока густина. Се работи за „добра“ пластика, за која се смета дека воопшто не испушта хемикалии во водата.

3.    PVC (некогаш и 3V) – поливинил хлорид. Оваа пластика испушта две отровни хемикалии, а и двете лошо влијаат врз хормоналната активност во човечкото тело. И покрај тоа, таа сè уште е најчесто употребуваната пластика за шишиња.

4.    LDPE – полиетилен со ниска густина. Пластика која не испушта хемикалии во водата. И покрај тоа, не се користи за изработка на пластични шишиња, туку главно од неа се произведуваат пластични кеси за прехранбени продукти.

5.    PP – полипропилен. Уште една од „добрите“ пластики, обично е во бела боја или полупроѕирна. Се користи за шишиња во кои се пакуваат сирупи или за чашки за јогурт.

6.    PS – полистирен. Пластика која се користи за изработка на еднократни чаши за кафе или како амбалажа за брза храна. Оваа пластика испушта стирен, соединение кое, според некои истражувања, влијае врз појавата на канцерогени заболувања.

7.    PC (или без ознака) – Ова е најлошата пластика за прехранбени производи затоа што ја излачува хемикалијата BPA. За жал, се користи за бебешки шишиња, шишиња за спорт и садови за подготвување храна.

Пластичните маси што не испуштаат хемикалии во производите се наведени под броевите 2, 4 и 5, или со ознаките HDP, HDPE, LDPE, PP. Сè уште најдобра варијанта за чување вода се стаклените шишиња, така што ако пиете поголема количина вода во текот на денот, можеби е најдобро водата да ја чувате во стаклена амбалажа, со што ќе си помогнете себеси, а и на природната средина.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот