X
 02.02.2018 Живот

Психолошки трикови што ќе ви дадат предност при комуникацијата со други луѓе


Девојка си го крие лицето со шешир
(Фото: Pixabay)


1.    Да дознаете нешто од некого

Поставете прашање и кога еднаш ќе добиете одговор, молчете и гледајте го соговорникот право в очи. Лицето ќе продолжи да зборува и може да ви открие и најситни детали.

2.    Да уверите некого во нешто

Кога вие зборувате, лицето нека седи, додека вие стоите. Така побрзо ќе можете да го уверите во нешто.

3.    Клуч за самодоверба

Кога влегувате во просторија каде што има луѓе, секогаш претпоставувајте дека им се допаѓате на сите.

4.    Обратете им се по име на лицата со кои штотуку сте се запознале

Секој сака да биде повикан по своето име затоа што тоа предизвикува чувство на доверба и пријателство.

5.    Ако некому му се допаѓате

Лицето на кое му се допаѓате почесто ќе трепка кога ќе зборува со вас.

6.    Разлика меѓу лажна и вистинска насмевка

Очите многу зборуваат за тоа дали лицето навистина сака да се насмевне или само се „фолира“. Ако забележите брчки на аглите околу очите, лицето искрено се смее.

7.    Погледнете им во нозете

Можете да дознаете дали некој е заинтересиран за разговор ако нозете му се насочени кон вас. Ако се завртени во друга насока, тоа лице не ужива во разговорот.

8.    На забава или состанок


Раскажете некоја шега или виц и обрнете внимание на луѓето што се смеат. Оние што се гледаат меѓу себе се поблиски, што е голем показател на пријателство или друг интимен однос.

9.    Луѓето нека го прават она што го посакувате

Наместо наредба, овозможете им на луѓето да направат личен избор. На пример, ако разговарате со мали деца и сакате да се напијат млеко, немојте директно да им го кажете тоа, туку прашајте ги нешто како: „Од која чаша сакаш да пиеш млеко?“ Тоа ќе им обезбеди чувство дека тие го направиле изборот наместо да им наредувате што да прават.

10.    Како да победите во расправија


Многу луѓе викаат и губат трпение кога се расправаат, а викањето како одговор на такво однесување е природна работа што најчесто ја правиме. Меѓутоа, не треба да го правите тоа. Многу е подобро да останете мирни затоа што на тој начин лицето кое викало ќе се почувствува поразено.

11.    Изградете доверба со имитирање на говорот на телото

Можете да ја освоите довербата од некое лице имитирајќи го неговиот говор на тело на префинет начин. Тоа ќе помогне лицето да ве смета за компатибилна личност и ќе ја изрази својата симпатија кон вас.

12.    Почеток

За да наведете некого да мисли на одредена тема, кажете му да не мисли на одредена работа. На пример, ако ви кажам да не мислите на слонови, на што ќе почнете да размислувате?
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот