X
 03.02.2018 Наука

Нов тест може да ја предвиди Алцхајмеровата болест 30 години пред нејзиното појавување

тест
Фото: Shutterstock

Научниците развиле нов тест за крв, со кој мала капка крв може да биде доволна за да се предвиди почетокот на Алцхајмеровата болест - ова би значело подобра грижа и превентивни мерки што би можеле да се преземат многу порано.

Клучот на новиот метод е откривањето на присуството на депозити на амилоид бета, што генерално се смета за еден од главните двигатели на Алцхајмеровата болест. Досега, откривањето на овие депозити се покажа како деликатно и невозможно со тест на крвта.

Сега, ова би можело да се промени. Врз основа на истражување направено врз 373 австралијански и јапонски пациенти, присуството на амилоид бета било точно предвидено во повеќе од 90 отсто од случаите со користење на новата постапка.

„Од мал примерок на крв, нашиот метод може да измери неколку протеини поврзани со амилоид, дури и ако нивната концетнрација е исклучително ниска“, вели Коичи Танака, дел од тимот.

Научниците сè уште не се сигурни како започнува и како се развива Алцхајмеровата болест, но изгледа дека абнормалните нивоа на амилоид бета и друг протеин наречен тау, играат голема улога. Овие протеини започнуваат да се собираат тдолго време пред да се појават симптоми на Алцхајмеровата болест, како што е губењето на меморијата - можеби 20 или 30 години порано.

Скапите скенирања на мозокот и тешката екстракција на спинална течност се техники што моментално се користат за мерење на нивоата на амилоид бета, меѓутоа дијагнозата на болеста често се потпира само на видливи симптоми на Алцхајмеровата болест, во која фазата е добро развиена.

Затоа, новиот систем за рано предупредување, кој бара мал примерок на крв и дава предупредување неколку децении порано, може да биде навистина револуционерно.

Новиот процес користи масена спектрометрија за јонизација и скенирање на крвта за одредена пептида или соединение на амино киселина што се смета дека е поврзано со амилоид бета концентрации. Додека е потребно доста тестирање за да се потврди врската, ова е ветувачки почеток.

Иако сè уште немаме лек за Алцхајмерова болест, знаејќи дека е на пат, би можело да се помогне во поттикнувањето на одредени промени во животниот стил на пациентите во однос на спиењето, исхраната и вежбањето, а би можеле да помогнат да се намали влијанието на болеста.

„Можам да видам како пет години од денес, луѓето редовно се прегледуваат на секои пет години после 55, 60 години за да откријат дали ќе имаат Алцхајмер“, вели главниот лидер на истражувањето, Колин Мастер од Универзитетот Мелбрун во Австралија..
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука