X
 03.02.2018 Живот

За поголема продуктивност потребна е „ниско-информативна“ диета

produktivnost

Радикална идеја: знаете премногу. Секако, знаењето е важно, но колку вашето знаење и познавање (која славна личност раскинала, гаф на некој политичар), има влијание врз вашиот живот?

Како што вели бестселерот на Тим Ферис, „Работна недела од 4 часа“, продуктивноста бара масивeн капацитет, со што потребен е начин за намалување на влезот на информации. Тоа е причината зошто тој препорачува „ниско-информативна“ диета.

Според Ферис повеќето информации одземаат многу време, негативни се и неважни за вашите цели. Зборот „диета“ не е грешка - исто како храната, повеќето луѓе консумираат премногу информации и повеќето од нив со низок квалитет. Од телеивзиските вести до социјалните медиуми, колку од она што сте го слушнале/прочитале денес е навистина важно за вашиот живот?

Идејата за намалување на количината на информации што ги внесувате може ви звучи глупаво, впрочем, ако не знаете што се случува во светот, како ќе учествувате во општеството? Како ќе донесувате добри одлуки? Меѓутоа сето тоа време што не го трошите на бескорисни информации може да биде потрошено на работи што имаат вистинска вредност, како поминување време со најблиските и работење за реализирање на вашите цели.

За да ја започнете „диетата“, Ферис препорачува цели пет дена да избегнувате весници, телевизија, веб-страници за вести и сурфање на интернет. Дозволено е само 5 минути проверување на вестите, еден час ТВ во вечерните часови и еден час читање пред кревет.

За информациите што ви се потребни, не се ограничувајте. Научете како да го забрзате читањето и обидете се да одговорите на сите прашања што ве интересираат. Обидете се да ја применете диетата и видете како ќе влијае врз вашиот живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот