X
 04.02.2018 Живот

Големи мисли од Дон Хуан: „Потребно е сето време и сета ваша енергија, за да го победиме идиотизмот во себеси“

дон

1. Постапувај како буквално да е сон. Делувај храбро и не барај изговори.

2. За да го извлече максимумот од животот, човек мора да знае да се менува. Најтешко е да се одлучи да се промени.

3. Не објаснувај премногу. Кога објаснуваш зошто не можеш да го направиш ова или она, ти всушност се извинуваш за своите недостатоци, надевајќи се дека оние кои те слушаат ќе бидат добри и ќе ти ги простат.

4. Јас никогаш, на никого не се лутам. Ниту еден човек не може да направи нешто за да ја заслужи таа реакција од мене. На луѓето се лутиш, кога ќе почувствуваш дека нивните постапки се важни. Ништо слично одамна не сум почувствувал.

5. Секогаш треба да знаеш дека патот е само пат. Ако чувствуваш дека не треба да одиш по него, напушти го.

6. Ти сега не можеш да ме разбереш поради своите навики да мислиш онака како што гледаш.

7. Ако не ти се допаѓа она што го добиваш, промени го она што го даваш.

8. Главната препрека кај повеќето луѓе е внатрешниот дијалог. Кога човек ќе научи да го запре, сè станува можно. И најневеројатните проекти стануваат изводливи.

9. Луѓето обично не сфаќаат дека во секој момент можат од својот живот да отстранат било што. Во било кое време. Моментално.

10. Единствениот вистински мудар советник кој го имаме е смртта. Секој пат кога ќе почувствуваш дека работите одат на лоши и дека си на работ на крахирање, сврти се лево и прашај ја својата смрт дали е тоа така.

11. Секој оди по својот пат. Ако одиш со задоволство, тоа значи дека тоа е твојот пат. Ако се чувствуваш лошо - во секој момент можеш да го напуштиш, без оглед колку далеку си заминал. И тоа ќе биде правилно.

12. Потребно ни е целото време и целата наша енергија, за да го победиме идиотизмот во себеси.

13. Суштината е во тоа кон што сме ориентирани - секој од нас самиот себеси се прави несреќен или силен. Обемот на работа, неопходен и во првиот и во вториот случај е ист.

14. За да станеш човек со знаење, мораш да бидеш војник, а не плачливо дете. Бори се, не се откажувај, не се жали, не отстапувај, бори се за сè - за да сфатиш дека во светот не постои ништо поважно.

15. Тоа што го правиш  во овој момент, сосема е возможно да се покаже дека ти е последниот чин на земјата. Во светот не постои сила што би можела да гарантира дека ќе проживееш барем уште една минута.

Дон Хуан (од серијалот книги на Карлос Кастанеда)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот