X
 04.02.2018 Наука

За првпат во историјата, истражувачите откриле и идентификувале планети во други галаксии

астрофизика
Фото: NASA

Тим истражувачит од Универзитетот во Оклахома го направиле откритието надвор од Млечниот пат. Под водство на Ксину Даи, професор по физика и астрономија заедно со истражувачот Едуарод Герас, тимот со помош на популарната техника наречена микролинзирање го направи ова откритие. Ова им овозможило да ги зголемат сликите на билиони планети оддалечени над 3.8 милијарди светлосни години од Земјата.

„Ова е пример за тоа колку се моќни техниките на анализа на екстрагалактичкото микролинзирање. Оваа галаксија е оддалечена 3.8 милијарди години, а не постои ни најмала шанса директно да се набљудуваат овие планети, дури ни со најдобриот телескоп што моожете да го замислите во научно-фантастично сценарио. Сепак, ние успеавме да ги проучуваме, да го откриеме нивното присуство па дури и да имаме одредена идеја за нивната маса“, вели Гера.

Постојат бројни други планетарни откритија направени со микролинзирање, но тие откритија често се ограничени на Млечниот пат. На пример, во мај 2017 година, еден јужнокорејски тим на астрономи откри бинарна ѕвезда составена од две кафени џуџести ѕвезди.

Накратко, микролинзирањето ја користи светлината како извор во позадина што е наведнат од гравитационото поле на преден објектив, со цел да се создадат посветли слики. Микролинзирањето исто така ја следи теоријата на релативноста на Ајнштајн. Тој рекол дека кога светлината од ѕвезда се доближува до друга ѕвезда на пат кон набљудувач поврзан со Земјата, гравитацијата на средната ѕвезда ги свиткува светлосните зраци. Ова дава илузија дека двете ѕвезди всушност се подалеку отколку што се.

Сепак, истражувачите од Оклахома открија дека гравитационото дејство на помалите објекти може да создаде поголемо зголемување.

„Многу сме возбудени за ова откритие, ова е првпат некој да открие планети надвор од нашата галаксија. Овие мали планети се најдобри кандидати за белегот што го забележавме во ова истражување користејќи ја техниката на микролинзирање. Ја анализиравме високата фреквенција на белегот со моделирање на податоците за да ја одредиме масата“, вели Даи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука