X
 05.02.2018 Култура

„Многу мали луѓе, кои во мали места прават мали нешта, можат да го променат лицето на светот“

На 5 февруари 2018 година се одбележуваат 28 години, два месеца и 26 дена откако падна Берлинскиот ѕид, што значи дека ѕидот не постои толку долго колку што постоел.


Ѕидот, долг 155 километри, беше подигнат на 13 август 1961 година за да го одвои Источен Берлин од западниот дел од градот. Во текот на постоењето на бариерата починале најмалку 140 луѓе. Овој ѕид стана симбол во Германија, а доби и интернационална важност бидејќи е една од точките на фокус на Студената војна. Ова се 10. најпознати цитати во врска со Берлинскиот ѕид:

1. „Никој нема намера за градење ѕид“ – Валтер Улбрихт, лидер на Источна Германија

Изјавата е кажана на прес-конференција на 15 јуни 1961 година, кога тој сметал дека Западен Берлин треба да стане слободен град, а не зона окупирана од западните сили. Сепак, по два месеца, изградбата на ѕидот започнала.

2. „Пред сè, не пукајте во вашите сограѓани!“  - Вили Брандт, градоначалник на Западен Берлин

Еден од клучните политичари во текот на постоењето на ѕидот. Тој барал западните сили да испратат засилување.

3. „Гордо кажувам Ich bin ein Berliner“ – Џон Ф. Кенеди, претседател на САД

Кенеди е запаметен по говорот пред 450.000 луѓе каде што истакнал дека сите слободни луѓе, каде и да живеат, се жители на Берлин. Три дена по убиството на Кенеди во 1963 година, плоштадот каде што тој го одржа својот познат говор во Берлин беше наречен по неговото име.

4. „Господине Горбачев, срушете го овој ѕид!“ – Роналд Реган, претседател на САД

Стоејќи пред Бранденбуршката порта, која е на границата помеѓу двата Берлини, Реган го одржа својот познат говор. Тој директно им се обрати на Советите и побара рушење на ѕидот кој ја попречува слободата.

5. „Ѕидот ќе стои 50, па дури и 100 години отсега“ – Ерих Хонекер, лидер на Источен Берлин
Ова било кажано неколку месеци пред да се сруши ѕидот.

6. „Стапува во сила, според моите информации, веднаш“ – Гантер Шабовски, Источен Берлин

Одговор на прашање од новинар кога регулациите ќе стапат во сила.

7. „Сега она што припаѓа заедно, ќе се развива заедно“ – Вили Брандт

 Негова најпозната изјава. Но никогаш не ја кажал оваа реченица во таа форма, туку се работи за варијација од забелешки што ги направил.

8. „Многу мали луѓе, кои во мали места прават мали нешта, можат да го променат лицето на светот“ – Галерија на источната страна, Берлин

Се смета за африканска поговорка, но е оригинално уметничко дело во Галеријата на источната страна во Берлин.

9. „Ѕидот не беше срушен од Вашингтон, Бон или Москва“ – Џерард Шродер, поранешен германски канцелар

На 10-годишнината од паѓањето на ѕидот го одржа говорот за комеморација на настанот, па тогаш ги кажал овие зборови. Неговата поента била дека ѕидот го срушиле луѓето.

10. „Ѕидот беше здание на стравот. На 9 ноември стана место за радост“ – Хорст Колер, поранешен германски претседател

Во сеќавање на 20-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид, претседателот, кој беше на функција од 2004 до 2010 година, ги кажа овие зборови во својата резиденција, потенцирајќи ја вредноста и важноста на слободата.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура