X
 05.02.2018 Наука

Пронајдени се нови структури што откриваат детали за Маите

Археолозите потрошиле повеќе од еден век за истражување на џунглата во Гватемала со цел да научат повеќе за цивилизацијата на Маите, која била една од доминантните заедници со векови. Но, последното откритие дава нови сознанија за нив.

фотоизвор: AP

Имено, научниците користеле висока технологија и алатки со кои откриле десетици илјади структури создадени од Маите: куќи, нови пирамиди, алатки за одбрана, земјоделски полиња. По ова се поставува прашањето колкава всушност била цивилизација на Маите?

Археолозите велат дека овие откритија се основа за сосема нов пристап кон цивилизацијата на Маите. Во истражувањата тие ја користеле ласерската технологија „лидар“, а сметаат дека за прегледување и за анализирање на сите собрани податоци ќе им бидат потребни 100 години. Најголемиот заклучок од откритието е дека бројот на припадници на цивилизацијата бил погрешно проценет, односно дека Маите биле 3 до 4 пати помногубројни отколку што се сметало. Со сегашните информации се проценува дека на таа локација живееле помеѓу 10 и 15 милиони луѓе.

Откриена била и структура за која научниците велат дека е уште една од тврдините на Маите. Таа и другите новооткриени тврдини укажуваат на тоа дека Маите можеби никогаш не биле вклучени во конфликт, како што порано се верувало.

Откако Маите ја напуштиле оваа локација, нивните структури останале, а џунглата ги скрила, што е позитивна работа бидејќи структурите се добро зачувани, па преку нив може да се дознаат многу нови податоци за целокупната цивилизација и нејзиното живеење.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука