X
 06.02.2018 Живот

Авиокомпанија ви плаќа ако најдете поевтин билет

Авиокомпанијата „Рајан ер“ соопшти дека на сите патници што ќе пронајдат поевтин лет од нивниот ќе им ја рефундира разликата во цената.


Се работи за новиот план на компанијата за 2018 година, а се однесува на усогласувањето на цените. Освен што на патниците разликата во цените на билетите ќе им биде вратена, на својата сметка ќе добијат уште 5 евра.

Една од најпознатите нискобуџетни авиокомпании дала ветување дека 90% од нејзините летови ќе бидат спроведени навреме, без доцнење.

За патниците да ја искористат оваа понуда, треба да пронајдат летови од истиот аеродром на истиот ден, со разлика од 2 до 3 часа.

Сите услови и детални објаснувања ќе бидат објавени на нивната официјална веб-страница.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот