X
 06.02.2018 Живот

Европската комисија ќе користи заедничка шифра за влез во ЕУ на земјите од Балканот

eu

Европската комисија сака да ја врати довербата во процесот на проширувањето на државите од Западниот Балкан и на најнапредните во овој процес им нуди најпозитивен можен временски период, според кој на крајот од 2025 година би можеле да станат членки на ЕУ.

Тоа би требало да биде главна позитивна порака од стратегијата за проширување што денес на состанокот на Колегијатот во Стразбур ќе биде усвоена од страна на Европската комисија, а која подоцна ќе им биде претставена на членовите на Европскиот парламент, од страна на претседателот на комисијата, Жан-Клод Јункер.

Во овој случај, „лидери“ во процесот се сметаат Црна Гора и Србија, кои се единствените во регионот во процесот на преговори за членство во ЕУ, додека Македонија и Албанија се земји што имаат статус на кандидат, но не ги имаат отворено преговорите. Босна и Херцеговина и понатаму не испратила одговори на прашалникот на Европската комисија, по што ќе се формира мислење за тоа дали земјата ги исполнува условите за добивање кандидатски статус. Косово нема поднесено барање за членство, но прашањето е дали воопшто ќе добие статус на кандидат поради тоа што пет земји членки на ЕУ не ја признаваат независноста на Косово. Шпанија дури испратила писмо до комисијата во која се противи на споменувањето на Косово бидејќи смета дека оваа држава не е дел од процесот на проширување на ЕУ.

Во стратегијата што ќе ја освои комисијата денес ќе бидат споменати сите земји од регионот, но во формулата „шест партнери од Западниот Балкан“ или скратено WB6 (Западнобалканската шесторка за да се избегне поимот држава).

Најважни елементи на стратегијата ќе бидат разговорите за решавање на билатералните гранични спорови пред членството во ЕУ, искоренување на организираниот криминал и корупцијата, што е силно поврзана со политичките структури, регионалната соработка и помирувањето, а ќе бидат наведени и конкретни акциони планови кои ЕУ ќе ги потпомогне за развој на регионот, за тие побрзо да се приближат до стандардите на ЕУ. Во документот пишува дека сите земји од регионот ќе бидат една земја членка на ЕУ, но не во состојбата во која се наоѓаат денес.

Оваа стратегија јасно ги повикува сите држави што сакаат да влезат во ЕУ да ги решат споровите со соседите, вклучувајќи ги и граничните прашања, бидејќи ЕУ не сака да ги увезе овие проблеми. Во истата стратегија се споменува и потребата да се работи повеќе на решавање на судбината на исчезнатите лица за време на војната, на надминувањето на разликите во минатото што се присутни и 25 години по војната.

„Уште е потребно време да се излекуваат раните од 90-тите години. Но по 25 години време е да се решаваат прашањата со нова енергија. Сите држави недвосмислено мора да се обврзат, со зборови и дела, дека ќе го совладаат минатото со помирување и решавање на отворените прашања пред нивниот прием во ЕУ“, се вели во стратегијата на комисијата.

Извор: Јутарњи
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот