X
 07.02.2018 Култура

Авторите на „Игра на троновите“ пред нова задача - нов ТВ-проект

трон
Фото: Getty Images

Креаторите на серијата „Игра на троновите“, Дејвид Бениоф и Д.Б.Вајс, добија зелено светло за пишување и продукција на новата серија „Војна на ѕвездите“.

Новата серија ќе биде целосно одделена и од сагата на Скајвокер и од неодамна најавената трилогија на која работи Риан Џонсон, е наведено во соопштението на официјалната веб-страница на познатата филмска франшиза.

„Дејвид и Ден се меѓу најдобрите филмски продуценти на денешницата. Нивните комплексни ликови, длабочината на приказната и богатството на митологијата ќе отворат ново поглавје и ќе го насочат ’Војна на ѕвездите‘ кон една возбудлива насока“, изјави Кетлин Кенеди, претседателката на „Лукасфилм“.

Бениоф и Вајс велат дека им е особена чест што им е понудена оваа можност, но се преплашени поради големата одговорност што се наоѓа пред нив. Тие не ја кријат возбудата за новата задача, на која ќе се посветат штом ќе ја завршат последната сезона на „Игра на троновите“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура