Тинејџерите кои повеќе од три часа дневно гледаат програми со реклами се хранат понездраво од децата што помалку време поминуваат пред екран. Во просек, овие тинејџери дури 10 пати во текот на денот нешто грицкаат - чипс, кекс или пијат газирани пијалаци. На годишно ниво, тоа се дури 500 нездрави ужинки.
Кога гледаат телевизија без реклами, не јадат повеќе, така што не постои врска помеѓу времето поминато пред малиот екран и брзата храна, предупредува британскиот тим за истражување на ракот. Поради лошите резултати, овој тим бара да се исфрлат рекламите за брза храна од програмите што се емитуваат пред 21 часот, но надлежните се противат на забраната. Забраната за рекламирање висококалорични производи важи само за програмите наменети за деца, но поборниците за забраната велат дека тоа не е доволно бидејќи тинејџерите гледаат спортски, музички и други емисии во кои овие производи масовно се рекламираат.
Друго истражување покажало дека произведувачите знаат што прават. Од сите реклами што се
прикажуваат за време на популарните семејни серии и емисии, најголем број се за производи што изобилуваат со масти и шеќери.