X
 08.02.2018 Култура

Најморничавото место на светот: напуштената болница каде што се лекувал младиот Хитлер


Билиц Хајлштатен, болницата каде што се лекувал младиот Хитлер


За’рѓани кревети, фасада прекриена со винова лоза, празни ходници со ѕидови ишарани со графити и излупена боја е речиси сè што останало од болницата каде што се лекувал младиот нацистички водач Адолф Хитлер.

Болницата „Билиц Хајлштатен“ била комплекс од 60 згради изграден во 1989 година, наменет за лекување болни од туберколоза.

Меѓутоа, во текот на Првата светска војна комплексот е претворен во воена болница каде што младиот Адолф Хитлер бил хоспитализиран за лекување на повредата на бутот што ја стекнал во текот на битката кај Сома.

Се разбира, Хитлер не бил единствениот. Во оваа болница се лекувале илјадници германски војници, а таа практика продолжила и во текот на Втората светска војна. По војната, па сè до паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1990 година, болницата згрижувала советски војници.

Сепак, по затворањето во 1995 година, болницата е и официјално напуштена, заедно со сите работи што се користеле во неа. Компанијата „Condé Nast Traveler“ ја прогласи оваа установа за најморничава на светот, а интересно е да се напомене дека и во текот на снимањето на филмот „Пијанист“ било дозволено снимање во објектот, но само од надворешната страна.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура