X
 09.02.2018 Култура

Дигитализирани 1.600 окултни книги во библиотеката „Ритман“

1

Благодарение на великодушната донација од авторот Ден Браун, библиотеката „Ритман“ во Амстердам доби колекција од 1.900 книги за алхемија, астрологија, магија и други окултни теми. Сега, првите 1.617 книги од проектот на „Ритман“ станаа достапни во нејзината онлајн-читалница.

Посетителите треба да знаат дека овие книги се напишани на неколку различни европски јазици. Преовладува латинскиот, научниот јазик на Европа во текот на средновековието и раниот современ период, а јазикот е полн со жаргони и алхемиска терминологија. Други книги се појавуваат на германски, холандски и на француски јазик.

2

Може да најдете и колекција на читливи книги со кликање на „Place of Publication“ филтерот за пребарување и избирање Кембриџ или Лондон.

Јазикот е архаичен, полн со невообичаен правопис, а содржината е бизарна. Оние што се запознаени со овој тип на пишување ќе ги препознаат многуте формули.

Библиотеката не содржи само окултни книги, туку и книги од филозофија, медицина и теологија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура