X
 10.02.2018 Култура

Како Глоговац зборувал за Хамлет: „Да спиеш, да сонуваш, да умреш... Дали е тоа доволно? Дали е тоа живот?“

glogovac

„Душата секогаш е гладна за добра литература. Секогаш постои глад за проблем и евентуално понуденото решение. Секако, решението не мора секогаш да се случи на сцена. Доброто претставување на проблемот е пат кон негово решавање. Поради тоа театарот опстанува онолку колку што опстанува. Тоа секогаш го нуди. Секако, постои и булеварски театар што служи за забава и за заборавање на проблемите. Сега можеме да зборуваме за нешто подуховно и поблагородно.

Хамлет дава решение, иако тоа е комплексно, во тој последен „Да се биде или не“, Хамлет неколку пати повторува: „Морам да бидам суров за да бидам добар“. Со тоа отвора многу прашања. Дали навистина морам да бидам суров за да бидам добар? Дали е можно некој да пробие нешто и да го сврти наопаку за да се извлечеме од лошите работи во кои сме западнале? Всушност, главното прашање е дали да се биде суров или не, за да се биде добар.

Дали е доволно тоа што само го вртиш тој велосипед како 99 отсто од луѓето како тебе или живот е кога нешто ќе направиш, кога нешто се обидуваш да промениш? Мислам дека одговорот е овој вториот. Хамлет така ги повикува луѓето да дејствуваат, да направат нешто што е важно и што треба да го освестат во себе.

Небојша Глоговац (1969-2018), интервју за „Недељник“, октомври 2016 година
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура