X
 11.02.2018 Живот

Авиокомпаниите што никогаш немале авионска несреќа

авион
Фото: Getty Images

Не постои сомнение дека некои авиокомпании се многу побезбедни од другите. И токму затоа е создадена „црната листа“ со превозници на кои им е забрането да летаат над европскиот воздушен простор.

Некои од најстарите авиокомпании, пак, се толку безбедни што никогаш или речиси никогаш не се соочиле со фатална несреќа. Кои се тие?

„Кантас“, авиокомпанија што постои од 1921 година

1
Фото: Getty Images


Третата најстара авиокомпанија во светот, „Кантас“, беше спомената во филмот „Реинмен“ од 1988 година како авиокомпанија што никогаш немала несреќа. „Кантас никогаш немала авионска несреќа“, вели ликот Рејмонд, кој го толкува Дастин Хофман. Технички, ова не е вистина. Оваа авиокомпанија имала осум фатални несреќни, сите пред 1951 година, 4 за време на Втората светска војна додека „Кантас“ работел со авиони во име на сојузниците.

По 1951 година оваа авиокомпанија не доживеала ниту една фатална несреќа, само неколку инциденти.

„Хавајан ерлајнс“, авиокомпанија што постои од 1929 година


Оваа авиокомпанија се смета за најдолгата оперативна авиокомпанија што никогаш не изгубила патник. Претрпела две банкротирања (1993 и 2003), меѓутоа, тоа не ја загрозило безбедноста на патниците. Авиокомпанијата денес патува на пацифички дестинации, вклучувајќи ги Нов Зеланд, Австралија, Азија и американскиот Западен Брег.

„Саутвест“, авиокомпанија што постои од 1971 година

Речиси 50 години без фатална несреќа е импресивно за најголемата авиокомпанија со ниски цени во светот.

„Саутвест“, која опслужува околу 100 дестинации и повеќе од 700 авиони, никогаш немала фатална несреќа. Сепак, во 2005 година, при слетување на еден од авионите на Чикаго мидвеј интернешнл при снежни услови, авионот се лизнал и удрил во автомобил, усмртувајќи шестгодишно момче.

„Изи џет“, авиокомпанија што постои од 1995 година

3
Фото: Getty Images


„Изи џет“ никогаш немала авионска несреќа. Всушност, нејзината историја е чиста од инциденти и тешко е да се пронајде некој посериозен проблем со нејзините летови.

„Рејнар“, авиокомпанија што постои од 1985 година


Во 33 години летање, овој авиопревозник најмногу што дошол до сериозна несреќа било во 2008 година кога авионот бил принуден да слета во Рим, откако доживеал удари од птици во носот, крилата и во моторите. Сепак, авионот успешно слетал. Авионот бил толку оштетен, што не можел да се поправи, а двајца членови на екипажот и осум патници биле однесени во болница со мали повреди.

„Вирџин Алтантик/Австралија/Америка“, авиокомпанија што постои од 1984/2000/2007


Авиокомпаниите на „Вирџин“ имаат извонреден безбедносен рекорд и со децении не се соочиле со несреќи. Двете, „Вирџин Атлантик“ и „Вирџин Австралија“, се рангирани меѓу првите 20 најбезбедни авиокомпании во светот.

„Бритиш ервејс“, авиокомпанија што постои од 1974 година


„Бритиш ервејс“ имала само една фатална несреќа - судирот на „Тридент 3Б“ со авионот на словенечка авиокомпанија над Загреб, и несреќа во 1985 година, кога при полетување од аеродромот Манчестер, поради дефект на моторот, бил предизвикан пожар што се проширил низ кабината, во кој загинале 53 од вкупно 131 патник и двајца од екипажот од шест члена.

По 1985 година, „Бритиш ервејс“ немала фатална несреќа и е рангирана помеѓу 20. најбезбедни авиокомпании во светот.

„Емирати“, авиокомпанија што постои од 1985 година


Авиокомпанијата со седиште во Дубаи сега оперира со повеќе од 3.600 лета неделно. „Емиратите“ никогаш не се соочиле со фатална несреќа; имале само една помала несреќа, кога „боинг 777“ слетал на аеродромот во Дубаи по неуспешното слетување. Авионот се запалил и експлодирал на пистата, откако патниците биле евакуирани. Сепак, еден пожарникар бил убиен во пожарот.

„Етхиад“, авиокомпанија што постои од 2003 година

Уште еден превозник на Блискиот Исток со беспрекорна безбедност. Единствениот инцидент е прилично бизарна ситуација во која авионот удрил во бетонски ѕид, повредувајќи девет луѓе.

„Катар ервејс“, авиокомпанија што постои од 2004 година

katar

Во слично сценарио, несреќите што ѝ се случиле на авиокомпанијата „Катар ервејс“ биле два пожари, еден во 2007 и еден во 2017 година.

Кои се најбезбедните авиокомпании во светот?


Веб-страницата Ерлајнрејтингс проценила 409 поголеми авиокомпании пред да ги даде резултатите за најбезбедните авиопревозници за 2017 година, земајќи ги предвид претходните инциденти, просечната возраст на авионите и ревизиите од страна на владите и регулаторните тела во индустријата на воздухопловството. Ова се 20. најбезбедни компании?

1. „Ејр Нов Зеланд“
2. „Алјаска ерлајнс“
3. „Ал Нипо ервејс“
4. „Бритиш ервејс“
5. „Катај Пацифик ервејс“
6. „Емирати“
7. „Етихад ервејс“
8. „ЕВА Ејр“
9. „Финејр“
10. „Хавајан ерлајнс“
11. „Џапан ерлајнс“
12. „КЛМ“
13. „Луфтханса“
14. „Кантас“
15. „Ројал Џорданиан ерлајнс“
16. „Скандинавиан ерлајн систем“
17. „Сингапур Ерлајнс“
18. „Свис“
19. „Вирџин Атлантик“
20. „Вирџин Австралија“

Дали возраста на авионите има врска со безбедноста?

„Комерцијалните авиони се изградени за да траат подолго време и токму ова е една од причините зошто се толку скапи. Вообичаено, еден авион останува во служба 25 или повеќе години“, вели Патрик Смит, американски пилот.

Тој вели дека како што стареат авионите, така тие се под поголем и постојан надзор. „Критериумите за проверка стануваат построги“, вели тој.

Колку безбедна беше 2017 година?


Најбезбедна во историјата на авијацијата. Минатата година имало само 10 фатални авионски несреќи, што резултирало со 44 смртни случаи, вели Мрежата за воздухопловна безбедност што ги следи сите авионски несреќи и инциденти.

Бројките ја прават 2017 година најбезбедната во однос на летањето и според бројот на несреќи и според бројот на смртни случаи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот