X
 11.02.2018 Живот

Овие пет збора го објаснуваат односот на милениумците кон животот и работата


Момче со таблет в рака
(Фото: Pixabay)


Претопувањето на работата и животот никогаш не било поочигледно од денес, кога сите сме поврзани и секогаш сме во погон.

Со оглед на тоа што се возрасни во хипер-поврзан свет и што паметните телефони никогаш не им се надвор од досегот на раката, милениумците се присилени да ја редефинираат рамнотежата помеѓу работата и животот.

1. Долгорочно


Милениумците не ги води мислата дека напорно ќе работат во наредните 40 години, а потоа ќе се пензионираат. Напротив, нив ги поттикнува идејата да изградат живот и кариера така што да можат да ги издржат постојаните иновации и промени што се случуваат во деловниот живот во 21 век.

2. Интегрирано (обединето)


Милениумците се заинтересирани да ја користат денешната технологија за да ги интегрираат (обединат) работата и животот, наместо да ги урамнотежат. Изразот „рамнотежа помеѓу работата и животот“ подразбира дека работата е одвоена од животот, но всушност сето тоа е живот. Присилувањето на луѓето работата и животот да ги ставаат во засебни „фасцикли“ кои немаат меѓусебно преклопување не е реално во денешниот свет. 

3. Ангажирано (вклучено)

Милениумците сметаат дека добро ги избалансирале животот и работата ако се во состојба во целост да бидат ангажирани на задачата, активностите или луѓето со кои се занимаваат во одреден момент. Рамнотежата помеѓу работата и животот не е нужно поврзана со времето и местото, туку се работи за состојба на умот. На некои милениумци им е потребна помош од претпоставените за да ги надминат работите што ги попречуваат, со цел да бидат целосно присутни и погоре споменатата рамнотежа да биде максимална.

4. Флудино (приспособливо)

Милениумците сакаат рамнотежата помеѓу работата и животот да им биде флуидна и флексибилна, и да бидат слободни да ги усогласат приоритетите од ден во ден. За нив рамнотежата помеѓу работата и животот значи дека нема строги граници помеѓу тие две. Пофлексибилниот пристап значи помалку стрес.

5. Лично


Милениумците сакаат сите делови од нивниот професионален и личен живот да добијат исто ниво на внимание, да бидат еднакво важни и застапени, како и еднакво да напредуваат. Тие сакаат и да постигнуваат професионални цели и да имаат време за остварување на нивните лични планови. Најважни им се чувствата на слобода и флексибилност, за да се чувствуваат исполнети и поддржани во сите свои лични и професионални потфати. На пример, можат да го продолжат деловното патување за еден ден за да го разгледаат местото во кое се наоѓаат, останувајќи достапни за комуникација, во случај да искрсне нешто на работното место. Или, на пример, да ги завршат сите обврски на работа, а потоа истиот ден да одат на родителски состанок.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот