X
 14.02.2018 Здравје

Дали ЕК ќе воведе санкции за земјите со највисок степен на аерозагаденост?


Оџаци од индустриски капацитети што го загадуваат воздухот
(Фото: Pixabay)


Девет земји-членки на ЕУ што се сметаат за најлоши по прашањето на загаденоста на воздухот би можеле да се најдат пред Европскиот суд на правда.

Европската комисија соопшти дека кон средината на идниот месец ќе го разгледа случајот со деветте земји за кои се смета дека се најлоши во однос на загаденоста на воздухот во ЕУ и дека постои можност да бидат изведени пред суд.

Комисијата задолжена да обезбеди почитување на заедничките правила за емисија на штетни гасови од страна на сите земји-членки, соопшти дека им дава „последна шанса“ на Германија, Шпанија, Франција, Унгарија, Италија, Чешка, Романија, Велика Британија и Словачка за подобрување на состојбите по ова прашање. На сите овие држави во петокот им истече рокот за доставување дополнителни информации.

Овие земји редовно ја преминуваат дозволената граница на емисија на ПМ 10 честичките и азотен диоксид.

„Сите заинтересирани членки поднесоа дополнителни информации, кои ќе ги проучиме. На таа тема ќе дебатираме на средината од март“, истакна портпаролот на ЕК.

И покрај повторените предупредувања од страна на Комисијата, наведените земји не ја ограничиле емисијата во согласност со прописите.

Комисијата одлучи против сите овие земји да ја покрене последната фаза од процедурата – да поведе постапка пред Европскиот суд за правда, „освен ако бидат претставени дополнителни кредибилни, навремени и ефикасни мерки“.

Се смета дека загадувањето на воздухот е главна причина за повеќе од 400.000 смртни случаи во ЕУ на годишно ниво, не сметајќи ги случаите на респираторни заболувања  и кардиоваскуларни болести.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје