Создал своевидна мешавина од психоделичен рок, хард рок и блуз и иако бил фронтмен на бендот „Џими Хендрикс експириенс“, всушност останал запаметен само тој - толку бил единствен. И не само тоа - неговата музика била доста креативна, како и неговите текстови.
Многу стихови од неговите песни се некои од најцитираните реченици.
„Кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта за моќ, во светот ќе завладее мир“.
„Музиката не лаже. Ако нешто треба да се промени во овој свет, тоа може да се постигне само преку музиката“.
„Знаењето преговара, но мудроста слуша“.
„Дури и цели замоци од песок мора еднаш да паднат во морето“.
„Музиката е моја религија“.
„Блузот е лесен за свирење, тежок за чувствување“.
„Прво мораш сам да се собереш за да можеш да почнеш да го менуваш светот“.
„Ако мислите дека сум слободен, тоа е затоа што секогаш сум во трка“.
„Кога ќе умрам, само свирете ги моите плочи“.
„Имагинацијата е клуч на моите стихови. Остатокот е просто насликана научна фантастика“.
„Не мораш постојано да пееш за љубовта за да им ја овозможиш на луѓето“.
„Ако се прашувам јас, зборот постигнување не би постоел во речниците“.
„За ништо што се случило во животот не жалам, освен ако можеби некого ненамерно сум повредил“.
„Извинете ме додека го љубам небото“.
„Музиката е најсигурната дрога“.
„Имам измислено моја мала изрека: Кога работите ќе станат тешки, бидете хелиум - најлесниот елемент што постои.
„Толку пати сум имитиран, што слушам дека луѓето ги копираат дури и моите грешки“.
„Цела ноќ се трудам да отсвирам еден нежен тон“.
„Приказната за животот е побрза од
трепнувањето на окото, а приказната за љубовта едноставно: здраво, до видување“.