X
 15.02.2018 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Денес е четврток, 15 февруари 2018 година, 46-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:24, а ќе зајде во 17:11 часот. Денот ќе трае 10 часа и 47 минути.

Ова утро во најголем дел од Македонија преовладува претежно облачно и ветровито време, а во крајните источни и југоисточни предели умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Снег со слаб интензитет провејува во Дебар, Маврово, Стража, Пресека и Струга.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес претежно облачно, ветровито и студено време. Во утринските и претпладневните часови во западните и југозападните предели се очекуваат слаби врнежи од снег кои што попладне ќе престанат и ќе преовладува претежно облачно и студено време. Во доцните попладневни во северните и североисточните предели намалување на облачноста и услови за повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Минималните температури денес се очекуваат кон крајот на денот и ќе се движат од -8 до 2 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од -2 до 8 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 1 степен, додека пак дневната температура ќе достигне до 5 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок и сабота студени утра за овој период од годината со осетен пад на утрински температури кои што ќе се движат од -10 до 0 односно од -9 до 1 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со пораст на максималните температури кои што ќе достигнат од 0 до 11 односно од 3 до 14 степени. Во недела потопло утро со температури од -4 до 6 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и дневни температури од 1 до 12 степени. Во понеделник повторно дестабилизација на времето и нов бран на врнежи. Облачно време со врнежи од дожд, а на ридско-планинските предели и на планините над 600 метри со врнежи од снег. Минималните температури од -4 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од -2 до 9 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во петок и сабота студено утро со утринска температура од -3 односно -2 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневната температура која што ќе достигне до 8 односно до 11 степени. Во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Минималната температура во пораст и ќе има вредност 3 степени, додека пак дневната ќе биде во опаѓање и ќе достигне до 9 степени. Во понеделник облачно време со врнежи од дожд и свежо време со дневна температура до 5 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека количеството на штетните честички насекаде е во границите на дозволеното.

Во изминатите 24 часа количество на штетни пм 10 честички во Скопје се движеа од 555 до 67 микрограми на метар кубен (Гази Баба 555, Ректорат 115, Лисиче 106 микрограми на метар кубен, Карпош 96, Центар 86, Миладиновци 67 микрограми на метар кубен). Во останатите градови, Кавадарци 258, Гостивар 248, Струмица 223 микрограми на метар кубен, Тетово 156, Битола 142, Велес 136 микрограми на метар кубен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот