X
 16.02.2018 Живот

Ако сакате да успеете, мора да ги „сосечете“ овие токсични мисли


Девојка со загрижено лице
(Фото: Pixabay)


Делата се резултат на размислувањето затоа што мислите се многу важни. Дали сте личност која размислува и анализира до таа мера што не ја извршува својата работа така како што би сакала? Добра вест е дека не сте сами. Тоа е одлика на многу луѓе, особено на раководителите. Лоша вест е дека тоа мора да запре затоа што предизвикува помала продуктивност и се губи време во грижи.

1.    Се грижите дали им се допаѓате на другите


Тешко е да се поверува дека ќе им бидете омилени на сите, во која било група соработници. На некои веројатно ќе им се допаднете, на некои не. Концентрирајте се на тоа што го работите и дејствувајте на најдобар можен начин. Не грижете се за туѓите мисли или зборови; останете си верни на себе, бидете искрени, работете си ја својата работа со полн капацитет и дозволете резултатите да зборуваат за вас.

2.    Се сомневате во своите способности


Повеќето од нас понекогаш сметаат дека не се доволно паметни, ниту доволно добри во она што го работат. Ретко кој се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави некаква можност. Па, сепак, новите искуства и новите можности се појавуваат кога ќе се присилиме да излеземе од својата зона на удобност, за што понекогаш не сме подготвени. Не дозволувајте им на стравовите да ве спречат во вашата работа.

3.    Ве загрижува сопствената несовршеност

Најверојатно ова веќе сте го чуле, но загриженоста за сопствената несовршеност е губење време. Во човечката природа е постојано да се стремиме кон совршеност; совршена работа, совршено работно место, совршен шеф, но совршенството не постои! Подобро е на животот да гледате како на константна состојба на еволуција во која сите елементи подлежат на промени. Ако сте вознемирени и напрегнати затоа што не сте совршени, едноставно занемарете го тоа и продолжете натаму...

4.    Се плашите од грешки и неуспеси


Секој од нас доживеал некаков неуспех, но вистинскиот проблем настанува кога стресот ќе стане редовна појава, кога ќе сметате дека никогаш нема да закрепнете, дека нема излез... Запомнете, вие сте тие што ја формираат сопствената иднина, вие ги насочувате сопствените мисли. Неуспех не е да се падне, неуспех е да се падне и да не се стане.

5.    Се плашите од недостигот на самодоверба


Сите ние понекогаш немаме самодоверба, само што некои добро го прикриваат тоа. Што повеќе ве мачи недостигот на самодоверба, повеќе ќе ви прави проблем во вашиот деловен живот. Концентрирајте се на вештините и способностите што ги поседувате, а не на оние што ви недостигаат – постојано стремете се кон успех.

6.    Се плашите од туѓите мислења


Несогласувањето, па дури и конфликтот, не треба да станат причина за загриженост. Прифатете ја конструктивната критика и отфрлете ја негативноста. Мислењето на другите луѓе е важно, но на крајот пак ќе мора да се потпрете само на себе. Според тоа, верувајте повеќе во себе, дозволете инстинктите да почнат да ве водат и да ви помогнат кога ќе биде најпотребно.

7.    Се срамите од доживеаните неуспеси


Ако мислите дека неуспехот е нешто лошо, тешко дека ќе бидете успешни, затоа што неуспехот е составен дел од успехот. Без оглед колку пати ќе доживеете неуспех, не дозволувајте тоа да се претвори во извор на вашиот срам. Сите идеи што нема да успеат се само „отскочна штица“ за оние што се решени да успеат. Неуспехот не е фатален и не е причина за срам.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот