X
 17.02.2018 Технологија

Оваа апликација ќе сакате да ја имате доколку често патувате со авион

let

„Гугл флајтс“ е доста корисна алатка за планирање патувања и пребарување евтини авионски карти, а во најновата верзија ќе предвидува кога летот ќе задоцни, пред самите компании да го најават доцнењето.

Од „Гугл“ најавуваат дека новата можност во нивниот софтвер ќе се темели на историски податоци, но и на машинско учење.

Своите прогнози ќе ги споделуваат со корисниците кога 80 отсто ќе бидат сигурни во нив, а без оглед на тоа, ќе ве советуваат навреме да тргнете кон аеродромот. Информациите ќе можат да се добијат преку едноставно пребарување по бројот на летови или рута.

Ќе биде лесно и барањето на евтини летови, каде што со секоја цена ќе се прикажува какви ограничувања носи евтиниот лет, како на пример просторот за рачен багаж, изборот на седиште или дали трошоците за куферот се или не се вклучени во цената.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија