X
 17.02.2018 Технологија

Програмер ги открива тајните на севернокорејската хакерска армија

koreja
Фото: AP

Поранешен програмер од тајната армија на севернокорејски хакери ги открива работните услови и задачите што морал да ги изврши во текот на неговата работа.

Пред повеќе од половина деценија Јонг Хиок работел за Северна Кореја од преполната трикатна куќа во североисточен кинески град. Неговата задача била да заработи пари за Северна Кореја. Групата успеала да заработи стотици милиони долари преку нечесни техники на хакирање.

Пред да дезертира од режимот во Пјонгјанг, Хиок работел како висок член на тајната војска. Лично успеал да заработи околу 127.000 долари годишно - сума од која можел да задржи само 10 отсто.

Раните фази на проектот биле воспоставени во текот на 90-тите години кога Ким Јонг-ил, таткото на актуелниот лидер Ким Јонг-ун, ги ставил програмирањето и употребата на модерната технологија во фокусот на земјата.

Ким Јонг-ил успеал да формира сајбер-армија задолжена за хакирање на владините веб-страници и банкарските мрежи. Но кога починал во 2011 година и кога Ким Јонг-ун станал лидер, работите станале позлобни.

Не само што лидерот на Северна Кореја почнал да ги наградува компјутерските научници со поубави домови и повисоки плати туку и ја охрабрил тајната војска да ги зголеми нападите врз нуклеарните централи, одбранбените мрежи, финансиските институции и други цели што имале големо значење.

И покрај тоа што сакал да биде доктор, Хиок бил принуден да влезе во светот на хакирањето од страна на самата држава, кога дознала за неговите импресивни резултати од училишните тестови. Бидејќи неговите родители биле верни на режимот, немало дискусија - Хиок морал да студира компјутерски науки.

Во 90-тите години тој веќе студирал во Кина под строг надзор на севернокорејски телохранител. За среќа, неговиот телохранител бил добар и му дозволил на Хиок целосно да го искуси студентскиот живот. Најголемата разлика во животот во Кина беше интернет-пристапот, кој не бил толку строго контролиран како во Северна Кореја.

По дипломирањето Хиок се вратил во Северна Кореја, но наскоро му било кажано дека мора да се врати во Кина за да спроведе софтверско истражување што ќе се користи за подобрување на иднината на секторот за информатичка технологија во Северна Кореја.

Кога Хиок пристигнал во куќата во која требало да живее и да работи, забележал портрети од Ким Јонг-ил и Ким Ил-сунг на ѕидовите. Кабините и компјутерите се наоѓале на долните катови, а креветите се наоѓале на горниот кат.

2
Фото: AFP

Работејќи со дипломирани студенти од елитните универзитети од Северна Кореја, заработката на првите пари била преку пиратирање и дистрибуирање комерцијален софтвер, како што се видеоигри и програми за безбедност.

Една од популарните измами вклучуваше креирање ботови за онлајн-игрите „Линеџ“ и „Диабло“, кои се користат за зголемување на ликовите, кои подоцна биле продадени за 127 долари.

Хиок вели дека иако неговите напори биле профитабилни, тој заработувал малку пари.

„Елитни програмери? Нема шанси. Бевме само еден куп сиромашни, ниско платени работници“, вели тој.

Иако не бил вмешан во кражби на броеви на кредитни картички или инсталирање рансомвер на корпоративните сервери, Хиок вели дека нема сомнение дека овие акти се спроведуваат на редовна основа.

На хакерите им било кажано дека ако не ги исполнат целите познати како „јук-бол-е“, ќе бидат испратени дома. Ако хакерите имале дополнителен профит, тогаш се соочувале со полоши последици, кои главно вклучувале да бидат осудени на тешка работа во фабрика или фарма.

Иако ова може да звучи како кошмар, Хиок вели дека условите со кои се соочувале додека работеле за различните владини агенции и државни корпорации биле многу полоши - луѓето биле принудувани да работат со туберколоза, лебарки им шетале по ушите на вработените, а тие биле и брутално тепани од колегите.

По долгогодишното работење во Кина, Хиок беше инволвиран во несреќен инцидент со владин службеник. Резултатот од инцидентот значел дека има избор да избега или да се соочи со неизбежните последици. Избрал да избега, така што наредните две години ги поминал во бегство. Враќањето дома повеќе не било опција бидејќи би бил казнет со смрт.

Кога повеќе немал опции, купил лажен кинески пасош за 2.000 долари и отпатувал за Бангкок пред да се предаде во амбасадата на Јужна Кореја.

Од него се барало да помине еден месец низ безбедносните проверки пред да биде пренесен во Сеул, каде што сега работи во локална компанија за обезбедување софтвер.

Иако успеал да ги остави хакерските денови зад себе, тој вели дека сè уште не може да избега од минатото.

„Чувствувам дека мојата вредност како програмер е намалена за половина кога им кажувам на луѓето дека сум од Северна Кореја“, вели тој.

Раководителот на одделот за сајбер-заштита на Корејскиот универзитет во Сеул, Лим Јонг-ин, вели дека иако Хиок го напуштил својот минат живот, напорите на Северна Кореја за хакерство се силни како и секогаш.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија