X
 18.02.2018 Живот

Една година од финскиот експеримент за дотирање на граѓаните со 560 евра, какви се резултатите

helsinki
Фото: Pixabay

Во јануари 2017 година Финска случајно избра граѓани што ќе добиваат универзален основен приход.

2.000 луѓе на возраст меѓу 25 и 58 години добиваат по 560 евра месечно, а притоа немаат обврска да бараат или да прифатат работа. Ако во меѓувреме прифатат некоја работа, тие ќе продолжат да примаат приходи од државата.

Експериментот ќе трае вкупно две години, објавуваат од финската влада, а се надеваат дека на овој начин ќе ја намалат стапката на невработеност и ќе ги поттикнат луѓето да прифатат некоја платена работа или ќе придонесат за општеството со волонтирање.

По една година од експериментирањето се чини дека оваа цел ќе биде постигната, тврди Марјука Турунен, шефица на правната служба на финската агенција за социјално осигурување.

„Еден од учесниците рече дека е помалку нервозен и помалку вознемирен бидејќи повеќе не мора да се грижи за повиците од агенцијата за вработување и понудите за работа што не може да ги прифати бидејќи мора да се грижи за старите родители. Веќе гледаме дека одлуката за основните приходи има неочекувани позитивни ефекти, како што се намалување на здравствените трошоци“.

Јуха Јарвинен, 39-годишен татко на шест деца и еден од примачите на основен приход, вели дека повторно се чувствува како слободен човек. „Како да сум ослободен од затвор и ропство. Чувствувам дека повторно сум член на општеството и дека назад ја добив човечноста. Среќен сум“, вели тој.

Јарвинен се занимава со производство на тапани и месечно заработува околу 1.000 евра, покрај овие 560 што ги прима од државата.

Сепак, критичарите на овој финансиски експеримент велат дека тој ги вклучува само невработените, па според тоа не е универзален.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот