X
 19.02.2018 Живот

Како Велика Британија го реши проблемот со оружјето?

По уште едниот страшен масакр во училиште во САД, што стана апсурдно вообичаен феномен во таа земја, следуваа низа еднакво вообичаени реакции. Додека либералниот дел од Америка изразува неверување што во нивната земја и понатаму оружјето е достапно, конзервативниот дел смета дека забраната за оружје ништо не би решила бидејќи криминалците секогаш ќе доаѓаат до оружје, а може да ги спречат само „добрите момци со оружје“.

фотоизвор: buka.com

Примерите од другите земји оставаат малку простор за сомнеж околу тоа кој е во право. Тоа го потврдува и фактот што почна да кружи на друштвените мрежи по масакрот во Парленд на Флорида. Се наведува следното: „Пред 20 години маж влезе во основното училиште ’Данблејн‘ и уби 16 деца и нивната учителка. Набрзо потоа Велика Британија забрани сопственост на сите пиштоли. Оттогаш во Велика Британија нема училишни убиства“.
 
Ова решение во Велика Британија изгледа како многу уверливо, особено во споредба со американскиот модел кој најчесто се сведува на симболични „мисли и молитви“. Во Велика Британија се забранети и сачмарки, оружје со експлозиви и слично уште од 1988 година. До 2000 година Британците им предале 162.198 пиштоли на властите. А масакрот во „Данблејн“ навистина бил последен таков во училиште, иако се случило уште едно масовно убиство надвор од училиште, во 2010 година во Кумбри, кога Дерик Брд уби 12 лица, повреди 11, а потоа се самоуби.

Велика Британија не е единствениот ваков пример од кој САД може нешто да научат. Ни во Австралија немало масовно убиство од 1996 кога маж уби 35 луѓе со полуавтоматско оружје во популарното туристичко место Порт Артур на Тасманија. Само неколку недели потоа Австралија почна да го забранува таквото оружје. Истражувањата покажуваат дека оттогаш земјата немала ниту едно масовно пукање со смртен исход.
     
Интересен пример е и Швајцарија, која има трет најголем број парчиња огнено оружје по глава на жител, но никогаш немало масовно пукање и престрелка во училиште како во САД. За разлика од Американците, Швајцарците го добиваат своето оружје од државата при задолжителен воен рок, каде што учат како одговорно да го користат. По отслужувањето на воениот рок може да го задржат, со задолжителна годишна обука. Ако сакаат да купат оружје, мора да поминат низ темелна проверка која трае со недели, а тоа во САД го нема.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот