X
 20.02.2018 Култура

Совети за успех од еден од најбогатите луѓе во светот


Џек Ма
(Фото: AFP)


Пред две години „Форбс“ го прогласи Џек Ма за 28. највлијателна личност во светот, а денес тој е „тежок“ повеќе од 40 милијарди долари.

Новинарите често знаат да ги прашаат успешните деловни луѓе каде лежи тајната на нивниот успех, но и да побараат совети од нив кои ќе можат да им помогнат на многу луѓе.

И додека советите од некои богаташи се прилично едноставни – како, на пример, Ерик Шмит, кој на времето бил еден од најмоќните луѓе на „Гугл“ и „Алфабет“, кој смета дека тајната на успехот во животот и на работното место е во доброто спиење, шефот на „Алибаба“ и третиот најбогат Кинез, Џек Ма, има поконкретни совети што ги следел и почитувал, а му помогнале да успее во животот.

Според него, ова се трите најважни совети што можат да им помогнат на сите во остварувањето успешна кариера:

Мора да имате страст за работите што ги правите – само кога со полно срце и страст ќе му се посветите на развојот на вашите сопствени производи и услуги, ќе бидете среќни и задоволни кога корисниците ќе ве пофалат. Не е важно дали ќе успеете „од прва“, она што единствено е важно се луѓето што се заинтересирани за вашите производи и услуги, тие се доказ дека напорната работа и страста за она што го работите навистина ќе се исплати. Исто така, Ма смета дека луѓето што почесто чувствуваат благодарност кон другите лица и нивните постигнувања се подобро подготвени за успех.

Создавајте и истражувајте исти вредности кои ги споделувате со вашите корисници – работењето не се сведува само на купување и продавање, туку и на создавање и споделување на истите вредности со корисниците на вашите производи. За Џек Ма, пронаоѓањето лице кое ги сака неговите производи е еднакво вредно како и пронаоѓањето сродна душа.

Најдете начин на кој можете да ги подобрите вашите производи и услуги – посветеноста и предаденоста на работата се огледуваат во непроспиените ноќи, ретките празнувања, на грешките што ги правиме и учиме од нив. Претприемачите никогаш не спијат, па затоа и по голем успех потребно е да се продолжи со посветената работа и константен стремеж да се подобруваат производите и услугите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура