X
 22.02.2018 Здравје

Благодарение на противниците на вакцините, сипаниците се во пораст во Европа

2
Фото: Sara Chodosh

Пред постоењето на вакцините против морбили, 9 од 10 деца ги добивале овие сипаници пред 15-тата година. Два милиона луѓе умирале на годишно ниво. Лесно е да се заборави овој факт бидејќи уште од 1960 година имаме ефикасна вакцина против морбили.

Морбилите се толку заразни што се шират кај 90 отсто од оние што доаѓаат во контакт со заразено лице, иако симптомите се појавуваат барем една недела подоцна - започнуваат со треска, кашлица, течење на носот. По неколку дена се појавуваат бели точки во устата и најпосле се шират црвените точки од глава до петици, проследени со висока температура од 40 степени. Повеќето луѓе ги преживуваат, но ако има компликации, стапката на смртност може да достигне до 30 отсто. Пневмонијата е најчестиот фатален несакан ефект, но пациентите исто така можат да доживеат оток на мозокот, може да дојде и до глувост и слепило. Пред пронаоѓањето на вакцината, на годишно ниво од 15.000 до 16.000 луѓе се соочиле со слепило поради морбили.

Сепак, и покрај евтиниот начин да се спречи една од најинфективните болести во светот, повеќето земји во Европа сè уште не ја исполниле целта за покривање на вакцинацијата. Тоа значи дека во овие земји и понатаму има смртоносни епидемии.

Затоа СЗО неодамна предупреди дека морбилите се враќаат во Европа, болест што до неодамна се сметаше за искоренета. Европа достигнала рекордно низок број на случаи во 2016 година - само 5.273 година, меѓутоа, минатата година имаше скок од 21.315.

Шестиот состанок на Европската регионална верификациска комисија за елиминација на сипаници и морбили во јуни 2017 година објави дека напредокот кон глобалната елиминација на морбили е намален и дека напредокот кон регионалните цели за елиминација е неуспешен. Бидејќи симптомите не се појавуваат во период од една недела, пациентите имаат доволно време да го рашират високо заразниот вирус пред лекарите да можат да ги стават во карантин. Затоа, за да се задржи населението безбедно, речиси сите треба да бидат вакцинирани.

Во целиот свет стапката на вакцинација е зголемена на 85 отсто, а тоа делумно се должи на земјите што стагнираат или се „лизнуваат“ во текот на напредокот што го прават.

1
Фото: Sara Chodosh

Во 2001 година пет од најголемите здравствени организации во светот (вклучувајќи ги и СЗО, Фондацијата на ОН и американските центри за контрола на болести) ја формирале Иницијативата за сипаници и рубеола за зголемување на стапките на вакцинација. Во најголем дел мисијата успеала. СЗО имала цел да ја постигне истата цел во најмалку неколку други региони, меѓутоа, досега не успеала да ја реализира.

Некои земји наместо да напредуваат, почнале да назадуваат. Романија одржувала стапка на вакцинација над 95 отсто од 1997 до 2010 година, но во 2010 година ја намалила на 86 отсто. Истражувачите од Универзитетот „Оксфорд“ минатата година објавиле дека трендот на опаѓање во голема мера се должи на кампањите против вакцинацијата во комбинација со неефикасните напори за вакцинирање на руралните групи. Романија сега има најмногу случаи на сипаници од сите европски земји и од повеќето земји во светот. Пред неа се само Индија, Нигерија, Индонезија, Пакистан и Кина.

Италија се наоѓа под Романија со 5.006 случаи во 2017 година, во споредба на Романија која имала 5.562 случаи во 2017 година. Во Италија бил забележан пад на покриеноста со вакцинација.

Сите држави бараат учениците да се вакцинираат пред да започнат да одат на училиште, меѓутоа, повеќето од нив дозволуваат да има исклучоци (поради религиозни верувања). Најголемата причина поради која луѓето престанаа да ги вакцинираат децата се антивакцинациските движења што се појавија во 90-тите години, проследени со лажни истражувања дека вакцината против морбили, заушки и рубеола предизвикува аутизам. Не предизвикува, но познатите личности и лидери на заедниците го искористиле лажното истражување за да ги убедат родителите дека вакцините се опасни. Многу луѓе што не се против вакцинирањето бараат да бидат исклучок бидејќи вакцините ги сметаат за ризик за здравјето на нивните деца. Но во реалноста вистинскиот ризик лежи во избегнувањето на вакцините.

Неодамнешниот прилив на мигрантите во Европа ги загрижи луѓето дека овие бегалци носат болести во нивните земји. Точно е дека мал број мали сипаници, заедно со други заразни болести, биле проследени од имигрантите од земји со пониска здравствена заштита. Но зголемувањето на случаите на сипаници не се должи на бегалците. Истражување од 2015 година покажа дека во 13 европски земји, 7,1 отсто од сите случаи на сипаници се должат на мигрантите.

Лесно е да се заборави како повеќето деца ги добиле сипаниците. Милион луѓе во светот сметаат дека не е приоритет да ги вакцинираат нивните деца, делумно затоа што многу често родителите ги губат децата поради сипаници. Но ова е реалноста што треба да ја прифатиме. Ролд Лад, познат автор на детски книги, ја изгубил својата ќерка Оливија откако се заразила со морбили кога имала 7 години. Поттикнат од тоа, во 1986 година напишал писмо до секој родител:

„Како што болеста започна да тече по вообичаениот курс, можам да се сетам дека често ѝ читав во кревет, не чувствувајќи особена вознемиреност во врска со болеста. Едно утро, кога можеше да се каже дека е на пат кон заздравување, седев на нејзиниот кревет, покажувајќи како да ги облекува малите животни. Кога ѝ дојде ред да го направи тоа, забележав дека нејзините прсти и мозок не функционираат заедно, така што таа не можеше да направи ништо.

- Дали си добра? - ја прашав.

- Се чувствувам поспано - рече таа.


По еден час беше во несвест. Во период од 12 часа почина.

Може да се каже дека е речиси кривично дело тоа што не дозволувате вашето дете да биде вакцинирано.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје