X
 22.02.2018 Технологија

„Фејсбук“ воведува необични тродимензионални објави

fb
Фото: Wikimedia Commons

Со оглед на тоа што статистиките покажуваат дека „Фејсбук“ почесто го посетуваат пензионери отколку млади луѓе, социјалната мрежа настојува да ги збогати своите функции и со нив да ги привлече младите корисници. Како?

Секако, со помош на три димензии. По најавата за воведување 3Д-објекти на минатогодишната конференција „Окулус конект“, „Фејсбук“ конечно ја претстави оваа функција во акција.

„Лего“, „Џурасик Парк“, „Сони“, „Вејфер“ и многу други брендови ги претставија своите 3Д-објави со виртуелни предмети што корисникот слободно може да ги ротира.

Менаџерот за производи на „Фејсбук“, Ајкуд Гонен, напиша дека 3Д-објектите користат индустриски формат гИТФ 2.0 што приближно значи дека уметниците ќе можат 3Д-објектите директно да ги вовлечат во фејсбук-објавата.



Со апликацијата „3Д Конект“ на „сони експерија екс-зет1“, „екс-зет1 компакт“ или „екс-зет премиумфон“ ќе можат да се создаваат 3Д-фотографии и потоа директно да се објават на „Фејсбук“. „Сони“ е само еден од партнерите на „Фејсбук“, што значи дека и други апликации ќе можат лесно да користат алатки што овозможуваат 3Д-објави.

Од 3Д во виртуелна реалност

Додека корисниците на „Фејсбук“ што користат 3Д-камери ја користат оваа технологија, брендовите како „Вејфер“ и „Лего“ своите производи можат да ги претстават од секој видлив агол. До моментот кога 3Д ќе стане некој вид норма, тие ќе го привлечат вниманието на корисникот кој инаку само ја поминува рекламата без размислување.

Конечната цел на воведувањето на оваа функција е претставување на интерактивни анимации и доведување на 3Д-содржината во светот по пат на проширената реалност. Се чини дека „Фејсбук“ активно се подготвува за нивните неодамна објавени очила за проширена реалност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија