X
 26.02.2018 Култура

Брутално искрените, чудесно инспиративни поеми на Чарлс Буковски

Лошиот хумор и грубоста на Чарлс Буковски не можат да ја скријат длабоката тага во која се наоѓал писателот. Мислењата на читателите се поделени – некои го обожаваат, а некои едноставно не сакаат да ги читаат неговите дела.

фотоизвор: Chartcons

Буковски знае да биде и многу страсен и длабок како неговиот херој Достоевски. Тој правел незаборавни комбинации на комична основа и обична злоупотреба, со длабоко трагично жалење за човековата состојба. Тоа не е по сечиј вкус, но неговата автобиографска проза, а и поезија е вредна за читање. 



Дали неговиот стил го прави човек за пример? За секој млад, претежно машки писател, поттикнувањето можеби се состои повеќе од пиење отколку пишување, како во неговиот случај.



Многумина го имаат тоа мислење, но пожелно е да ги слушнете неговите поеми, па да одлучите дали е така. Музиката што ги придружува зборовите е навистина инспиративна.



Пред да ја прочитате поемата „Па, сакаш да бидеш писател?“, потребно е да знаете дека нема топли зборови за охрабрување или совети за помош. Овој учител кажува груби зборови. Смрзнувал на клупи во паркови, одел во затвор, губел девојки, сопруги, роднини, работни места, па можеби и сопствениот ум.



„Не биди како многуте писатели,
Не биди како илјадниците луѓе што се нарекуваат писатели,
Не биди досаден и здодевен и претенциозен,
Не биди консумиран со љубов кон себе.
Библиотеките на светот се проѕеваат од таквиот вид.
Не давај придонес кон тоа. Не прави го тоа.
Освен ако не произлегува од твојата душа како ракета,
Освен ако тоа да бидеш мирен не те води кон лудило или самоубиство или убиство,
не прави го тоа.
Освен ако сонцето во тебе не ти ја гори утробата,
Не прави го тоа“.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура