X
 26.02.2018 Култура

Земја без криминал, жителите не ги заклучуваат вратите


Замокот Вадуц во Лихтенштајн
(Фото: Thinkstock)


Запознајте ја малечката, но интересна и богата земја сместена помеѓу Австрија и Швајцарија. Станува збор за Лихтенштајн.


1. Овде криминал речиси и да не постои. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има само неколку затвореници. Секој што е осуден на затворска казна подолга од две години заминува да ја отслужи во Австрија, а жителите се чувствуваат толку безбедно што не ги заклучуваат влезните врати.

2. Швајцарија еднаш извршила инвазија на Лихтенштајн. Тоа било случајно, кога 170 швајцарски војници вооружени со пушки, но без куршуми, во текот на воена вежба случајно ја преминале границата.

3. Еднаш годишно сите жители се повикуваат на забава, т.е. на пиво во градините на дворецот „Вадуц“.

4. За најголемиот град во оваа земја најверојатно никогаш не сте слушнале. Главниот град е Вадуц, во кој живеат 5.425 жители, а најголемиот е Шан, каде што живеат 583 луѓе повеќе.

5. Лихтенштајн е водечки светски производител на вештачки заби. Имено, компанијата Ivoclar Vivadent е првак во областа на производство на вештачки вилици, навлаки и слични стоматолошки помагала, со вкупен удел на пазарот од 20 отсто.

6. Пред пет години имало можност да се изнајми целата територија на Лихтенштајн за една ноќ. Имено, во соработка со компанијата „Ербиенби“ се нудел простор за сместување на 150 гости, дегустирање вина со принцот и сопствена моментална парична валута. Ова задоволство чинело 70 илјади долари.

7. Пред неколку години е објавен водич за однесување за доселеници. Во него строго се препорачува да се биде тивок за време на официјалното траење на ручекот, од 12 до 13:30 часот.

8. Химната на Лихтенштајн, „Oben am jungen Rhein“, има сосема иста мелодија како химната на Велика Британија, „God save the queen“.

9. Официјален јазик во Лихтенштајн е германскиот јазик, но жителите главно не го зборуваат. Мнозинството се користат со алеманскиот дијалект, кој е многу различен од стандардниот германски јазик.

10. До неодамна, поточно до 1984 година, поради неуспешни три референдуми, жените во Лихтенштајн не можеле да гласаат на изборите. На референдумите можеле да излезат само мажите, така што дури четвртиот пат бил успешен, со 51,3 отсто од гласовите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура