X
 28.02.2018 Образование

Децата Бошњаци ќе учат на мајчин јазик од следната учебна година

Од учебната 2018/2019 година босанскиот јазик ќе се изучува во редовната настава во основното деветгодишно образование, со што се воведува можност припадниците на бошњачката етничка заедница да учат на својот мајчин јазик, известуваат од Влада.


За ова да може да се реализира, на вчерашната владина седница била усвоена информацијата за подготовка на образовниот систем.
- Во текот на наредниот период треба да се направат сите подготовки ова да се имплементира и од учебната 2018/19 планирано е босанскиот јазик да се воведе во редовната настава во основното деветгодишно образование - рече Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.
Тој појасни дека МОН, односно Бирото за развој на образованието за таа цел ќе направи измени во наставниот план. Ќе бидат изготвени и наставни програми во предметот босански јазик, но ќе се преведат постоечките наставни програми по предметите кои ќе се изучуваат во прво одделение.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Образование