X
 28.02.2018 Технологија

Хакатон на УГД: „Креативни решенија за здравството“

Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип организира дводневен хакатон во периодот 23-24 март 2018 г. на тема „Креативни решенија за здравството”.



На хакатонот може да се пријавуваат тимови од студенти и средношколци од Република Македонија. Учесниците ќе можат да изработуваат различни апликации кои би покривале различни аспекти од здравството и здравствената заштита, а би им биле од корист на различни категории на луѓе (на пример, здравствени работници, болни лица, стари и изнемоштени лица, деца со посебни потреби и сл.) Апликацијата може да биде изработена во која било технологија и од кој било тип (веб апликација, мобилна апликација, десктоп апликација и сл).

По овој повод е распишан Конкурс на којшто можат да се пријават сите заинтересирани студенти и средношколци со своите тимови кои ќе учествуваат во овој маратон по програмирање. Тимовите може да бројат од 3 до 5 члена. ​

Формуларот за пријавување, кој може да го најдете на следниот линк http://fi.ugd.edu.mk/hakaton2018, пополнете го и пратете го на: hakaton@ugd.edu.mk.

Краен рок на пријавување: 19 март 2018 година, 20 часот.

Место на одржување: просториите на Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип.

На крајот секој тим ќе има можност јавно да ја презентира изработената апликација пред комисија составена од професори на Факултетот за информатика при УГД и двајца поканети специјалисти од приватниот сектор, при што ќе бидат доделени наградите. Сите учесници на хакатонот ќе добијат сертификат за учество.

Награди: Обезбедени се следните парични награди за најдобрите апликации:

Прва награда за најдобра студентска апликација: 50.000 денари;
Прва награда за најдобра средношколска апликација: 20.000 денари;
Награда за оригинална идеја: 5.000 денари.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија