X
 28.02.2018 Наука

Месечината буквално е прекриена со вода, но не е сѐ толку едноставно...


Полна Месечина
(Фото: Pixabay)


Резултатите од последната анализа на податоците добиени за време на две мисии на Месечината покажуваат дека водата рамномерно е распоредена по целата површина на овој природен сателит. Проблемот е што таа, барем во моменталниот облик, не е баш достапна.

Ако Месечината има доволно вода, која притоа е релативно достапна, таа може лесно да се користи како ресурс. Астронаутите можат да ја користат за пиење или за производство на кислород и водород, односно како воздух за дишење и како гориво.

„Откривме дека каде и да погледнете на Месечината, таму има вода“, вели Џошуа Брендфилд, научник во Институтот за вселенски науки во Болдер, Колорадо. Брендфилд е главниот автор на новата студија што ја објавува весникот „Nature Geoscience“.

Инаку, резултатите од ова истражување се спротивставуваат на досегашните претпоставки дека водата на Месечината главно е концентрирана околу половите и дека нејзината количина зависи од делот во денот (еден ден на Месечината трае 29,5 земски дена). Ако сето ова го земеме предвид, доаѓаме до претпоставка дека молекулите на водата „скокаат“ по површината на Месечината сè додека не наидат на т.н. „ледени замки“ – подрачја со толку ниски температури што на себе ја задржуваат дури и водената пареа. Овие молекули на водата на тоа место можат да останат прилично долго време – се претпоставува за неколку милиони години.

Како и кај сите научни претпоставки, околу оваа исто така кружат сомнежи поврзани со конкретната метода на препознавање вода на површината. Главниот доказ за новата теорија за водата на Месечината доаѓа од инструментите за мерење на далечина, кои ја следеле силата на Сончевата светлина што се одбивала од површината на Месечината. Во случај на присуство на вода, инструментите препознаваат посебни бранови должини во близина од три милиметри, кои постојат надвор од досегот на видливата светлина.

Површината на Месечината може, исто така, доволно да се загрева и да „сјае“, односно да емитува светлина во инфрацрвен спектар. Најголем предизвик е да се распознае рефлектираната од емитуваната светлина. Со цел полесно диференцирање, научниците мора да добијат многу прецизна информација за тамошните температури. Брендфилд и колегите пронашле начин како во мерењето да ги вбројат информациите за температурите, па за мерењата користеле LRO, односно орбитер за надгледување на Месечевата површина.

Тимот го применил овој модел на температури на веќе собраните податоци. Новото откритие на распространета вода сугерира дека до денес таа била присутна во облик на хидроксил, односно OH. Хидроксилот не останува сам долго време, туку хемиски се поврзува во други врски. Хидроксилната група мора да се одвои од минералот за да може да се користи.    
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука