X
 01.03.2018 Живот

Месечен хороскоп за март 2018 година

Што ве советуваат ѕвездите за наредниот месец?

mesecen

Овен

Работа
- Одличен период за анализирање на досегашните достигнувања. Коригирајте ги вашите досегашни методи и поставете си нови цели. Вашата кариера овој месец ќе биде водена од личните амбиции. Социјалниот живот овој месец паѓа во прв план. Вашата независност и одлучност во март ќе дојдат до израз. Креирајте ја вашата судбина кон сопствените барања бидејќи што и да посакате, може да ви се оствари само ако бидете доволно упорни.

Љубов - Чувството на независност може да ве доведе до конфликт со членовите на семејството. Комуникацијата и компромисите се клучни за решавање на семејните проблеми. Полека собирате пријателства со припадниците на спротивниот пол. Доколку не сте во врска, ова нема да ви биде главна цел овој месец.

Здравје - По 21 март здравјето ќе ви биде одлично.

Бик

Работа - Кариерата овој месец ќе игра важна улога. Избегнувајте да се приспособувате кон другите луѓе и ситуации. Подобро би било тие да се приспособат кон вас. Следете ја вашата интуиција. Можете да очекувате поддршка од колегите од повисоките позиции, како и унапредување и поголеми финансиски придобивки. Исто така, можете да очекувате и поддршка од страна на вашето семејство.

Љубов - Доколку сте во брак или во врска, љубовниот живот ќе ви биде хармоничен до 20 март, а потоа доаѓаат турбуленции. Партнерот ќе сака да ви угоди, меѓутоа, вашите каприци ќе бидат преголеми, па така на крајот ќе завршите со расправии и несогласувања.

Здравје - Добро би ви дошле масажа и нови фитнес-рутини.

Близнаци


Работа
- Динамичноста е карактеристика која ќе доминира кај вас овој месец. Постепениот, но сигурен напредок е извесен. Вашите вештини во областа на комуникацијата значително се подобруваат благодарение на влијанието на планетата Меркур, поради што треба да бидете доста ефикасни во постигнувањето на зададените цели.

Љубов - Односите со партнерот ќе бидат проблематични до 21 март. Довербата, толеранцијата и искреноста тогаш ќе бидат од клучно значење. Потоа ќе доминираат хармонијата и љубовта. Кругот на пријателите ќе ви се зголеми. Во текот на втората половина од месецот можно е да ставите на тест одредени пријателства. Ако не сте во врска, љубовта можете да ја пронајдете во кругот на пријателите.

Здравје - Бидете умерени во работите. Пожелна е редовна физичка активност.

Рак

Работа - Искористете ја вашата приспособливост и друштвеност за да ги постигнете целите. Можно е патување во странство за работни и приватни цели доколку претходно се организирате. Напредувањето на полето на кариерата може да го очекувате по 21 март. Ова е поволен период за запишување на некој курс бидејќи ќе бидете во можност да ги искористите вештините што ќе ги стекнете.

Љубов - Доколку сте во врска, ќе преовладува хармонија на полето на љубовта до 20 март, а потоа возможни се несогласувања. Доколку сте сами, ќе бидете преокупирани со вашата кариера и нема да имате многу време да се посветите на љубовните прашања.

Здравје - Здравјето ќе ви биде одлично до 21 март, потоа треба да внимавате на себе.

Лав

Работа -
Фокусот паѓа на полето на кариерата. Своите цели ќе ги реализирате со помош на семејството и пријателите. Ќе бидете склони кон приспособување на другите луѓе и ситуациите, што може да ви донесе одредени бенефиции. Благодарение на вашите контакти, ќе има подобрување на социјалниот статус и финансиите. Плановите и проектите на кои трпеливо работевте сега ќе се исплатат.

Љубов - Планетарните аспекти се поволни кога станува збор за љубовта. Во потенцијалниот партнер барате совршенство бидејќи сакате нешто што ќе трае. Венера ви е наклонета и поотворени сте за склопување нови пријателства и романтични односи. Љубов можете да пронајдете меѓу колегите.

Здравје - Имате доста енергија. Пожелна е детоксикација на организмот.

Девица

Работа - Вашата кариера и амбиции паѓаат во прв план. Вашите планови и случувања се приспособени на другите луѓе. Ќе имате можност да напредувате на полето на кариерата и финансиите. По 21 март ќе има подобрување на финансиската ситуација. Исто така, можно е зголемување на приходите од неочекувани извори во втората половина на март.

Љубов - Овој месец Сатурн, Сонцето и Меркур ќе имаат позитивно влијание врз вашиот приватен живот. Партнерот ќе ви посвети повеќе внимание од вообичаено и ќе бидете подготвени да излезете од вашата удобна зона. Вашата комуникација ќе биде особено пријатна.

Здравје - Обрнете внимание на здравјето.

Вага

Работа -
Март е идеален месец да се посветите на вашиот емотивен живот. Интересите на другите луѓе за вас ќе бидат приоритет. Ова ќе ви одговара и нема да имате проблеми да соработувате за да ги реализирате вашите цели. Ќе биде потребно да искажете поголема посветеност и труд во одредени сегменти од вашиот живот. Не заборавајте, поразите се столбови на победата.

Љубов - На полето на љубовта компромисот игра најголема улога. Доколку сте во можност со партнерот да дојдете до компромисно решение, нема да се соочите со поголеми турбуленции. Ако не сте ја пронашле вашата друга половина, сега ќе имате можност. Ако утврдите дека односите не напредуваат според вашите очекувања, без проблем ќе излезете од ситуацијата.

Здравје - Дозволете си доволна количина на одмор.

Скорпија

Работа - Ги тестирате вашите социјални способности со кои можете да постигнете успех на полето на кариерата. Успехот ќе биде диктиран од страна на ситуациите над кои нема да имате контрола. Ова е идеален месец за ретроспектива на досегашниот напредок. Можни се некои промени на полето на кариерата во вид на стекнување нови искуства. Ќе имате многу бизнис-понуди.

Љубов
- Овој месец љубовта најмногу ќе ви го окупира вниманието. Забавата и уживањето ќе ви бидат најинтересни. Доколку не сте во врска, ќе имате многу романтични врски.

Здравје - Одлично.

Стрелец


Работа - Случувањата на полето на љубовта ќе доминираат во однос на кариерата. По 21 март нивото на енергија значително ќе порасне. Ќе бидете расположени за разни активности предводени од личното задоволство. Ова е период кога ќе имате тешкотии вашата независност да ја усогласите со флексибилноста. Соработувањето и комуникацијата ќе бидат клучни. Вашите животни цели ќе ги реализирате само доколку максимално се трудите.

Љубов - Поради влијанието на Јупитер и Меркур, ќе има интересни случувања на полето на љубовта. Благодарение на вашиот шарм, ќе привлекувате романтични партнери. Доколку сте во врска, можете да очекувате некое кратко патување со вашиот партнер по 21 март.

Здравје - Редовното спортување ќе ви донесе повеќе енергија.

Јарец

Работа
- Семејните проблеми играат значајна улога во вашиот живот овој месец. Доколку ја следите интуицијата, ќе го постигнете тоа што го сакате. Нема да има потреба да се приспособувате на другите луѓе и ситуации. Случувањата на полето на кариерата ќе се одвиваат со забрзано темпо и ќе бидете задоволни со напредокот што ќе го постигнете за краток период.

Љубов - Позицијата на Венера и Месечината овој месец ќе ве направат многу пошармантни и попривлечни. Ако сте емотивно зафатени, ви претстои уживање со партнерот на некое идилично место. Доколку немате пронајдено партнер, тоа ќе можете да го направите овој месец, и тоа во вашето непосредно опкружување.

Здравје - Здравјето може да биде очекувано со доволна количина на одмор, но и физичка активност.

Водолија

Работа - Фокусот паѓа на емотивните и семејните прашања. Емоционалната стабилност ќе ви помогне во кариерата. Независноста и доминантниот став овој месец ќе придонесат за вашиот успех. Следете ја вашата интуиција и другите ќе се приспособат на вас. Доколку студирате, аспектите на Јупитер и Уран ќе ви донесат просперитет. Успехот е загарантиран и за оние што се занимаваат со маркетинг или новинарство.

Љубов - Овој месец во љубовта ќе ви биде потребно нешто повеќе од страст и романса. Партнерот ќе биде преокупиран со лични финансиски обврски, така што не би требало да очекувате поддршка што се однесува до тој аспект. Подобра ситуација ве очекува по 21 март, кога ќе можете да влезете во романтични односи полни со динамика и ентузијазам.

Здравје - Одлично.

Риби


Работа
- Овој месец ќе се посветите на професионалните цели, дополнителните курсеви и хуманитарните активности. Личниот интерес ќе ви биде поважен од интересот на другите. Во позиција сте да контролирате разни ситуации и до вашите цели ќе доаѓате на начин на кој вие ќе сакате. Проблеми можат да се јават на работното место.

Љубов
- Доколку не сте во врска, ќе имате можност да се впуштите во една романса, иако не би сакале да потрае. Важно е да се држите до вашите критериуми за „совршен“ партнер.

Здравје - Редовно вежбајте.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот