X
 01.03.2018 Живот

„Не давај ми го тоа што го сакам, туку тоа што ми треба“


Девојка со раширени раце свртена кон сонцето
(Фото: Pixabay)



Оваа малку позната молитва ја напишал Антоан де Сент Егзипери во еден од најтешките периоди во неговиот живот.

„Господе, не молев за чуда и привиденија, само те молам за сила во секојдневниот живот.

Научи ме за умешноста на малите чекори.

Направи ме паметен и снаодлив,

така што да можам да ги пронајдам важните откритија и искуства во разноликоста на животот.

Помогни ми подобро да го искористам своето време.

Дај ми да видам што е важно, а што не е, во животот.

Те молам за сила на дисциплината и умереноста, да не итам низ животот,

туку да живеам разумно и да ги препознавам неочекуваните уживања и висини.

Спаси ме од наивното уверување дека во животот сè мора да биде како подмачкано.

Дај ми воздржано да препознам дека тешкотиите, неуспесите, грешките и пречките ни се дадени во животот само за да можеме да раснеме и да созреваме.

Испрати ми ја вистинската личност во точниот момент, која ќе има доволно храброст и љубов да ја зборува вистината!

Знам дека многу проблеми сами се решаваат, затоа те молам да ме научиш на трпение.

Ти знаеш колку ни се потребни пријатели.

Направи ме достоен за тој најубав, најтежок, најризичен и најкревок подарок на животот.

Дај ми доволно мечта со што би можел со некого да поделам барем малку топлина,

на вистинско место, во вистинско време, со зборови или во молк.

Поштеди ме од стравот да не пропуштам нешто во животот.

Не давај ми го тоа што го сакам, туку тоа што ми треба.

Научи ме за умешноста на малите чекори!“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот