X
 03.03.2018 Живот

Апликација што ја пополнил Стив Џобс покажува дека не мора сѐ да знаете за да успеете

За човек кој во основа помогна во претставувањето на почетокот на дигиталната ера каква што ја знаеме денес, Стив Џобс не изгледаше дека ќе го „запали“ светот во 1973 година. Во тоа време бил 18-годишик кој сакал да се занимава со технолошки проекти задно со неговиот другар Стив Вознијак. Создавањето на „Епл“ сè уште не било ни во почетната фаза, а на Џобс му требале пари за одржување на неговиот стил на живот и за плаќање кирија. Затоа тој пополнил една апликација за непозната работа која, според традиционални стандарди, е прилично лоша.


Фото: Science Alert

Хаотичната апликација, која наскоро ќе биде ставена на лицитација, е пополнета со смешни грешки и погрешно спелувани зборови од страна на кандидат кој потоа стана еден од најголемите технолошки визионери на 20 век. Многумина велеа дека Џобс имал дислексија, но тој никогаш не го потврди тоа.

Во апликацијата може да се види дека Џобс ретко употребувал голема буква, па дури и своето презиме и адресата ги напишал со мала буква. Делот од апликацијата каде што кандидатот треба да напише листа со претходни работни места, вклучително и датумите кога почнал да работи и кога прекинал да работи таму, на која позиција работел и кои биле причините за заминувањето, Џобс решил да го остави сосема празен. Покрај полето каде што кандидатот е прашан дали поседува возачка дозвола, Џобс напишал само „да“, додека одговорот на следното прашање му е дури и двосмислен. Во полето кое се однесува на пристап до транспорт, Џобс напишал „можен, но не и веројатен.“

Сепак, во делот за вештините тој напишал „да“ во полињата каде што бил прашан дали знае да работи на компјутер и калкулатор, но потоа пак направил мал хаос со тоа што напишал „дизајн, технологија“ под сето тоа и нацртал две стрелки. За некој што потоа ќе биде посочуван како мастер на интерфејс-дизајнот, Џобс сигурно знаел како не треба да се пополни формулар.

Во однос на специјалните вештини, тој навел „електротехничар или дизајн-инженер, дигитал“, а потоа погрешно го напишал Hewitt-Packard.

Сè на сè, ова не е многу јака апликација и не е јасно дали имало позитивен исход, иако тоа не е многу веројатно. Но, историјата покажува дека ваквите мали препреки не се важни. Следната година Џобс заминал за Индија. Потоа се вратил за да му помогне на Вознијак да дизајнира шема на печатено коло за „Атари“. Потоа следуваа „епл 1“, „епл 2“, „мак“ и на крајот „макс“, како и „ајфон“ и „ајпад“. 

Сето ова покажува дека ако некој посакува нешто, не е важно колку грешки во спелувањето има, или колку неуспеси имал. Доколку сте решени и верувате во себе, сè е можно и никогаш не треба да се чувствувате засрамено или безнадежно ако во животот не ви оди како што сте замислиле.

Како што самиот Стив Џобс рекол: „Вашето време е ограничено. Затоа, не трошете го живеејќи туѓ живот“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот