X
 04.03.2018 Живот

Донесена пресуда: Во оваа земја можете да ги пцуете политичарите и да им покажувате среден прст!

politicari

Граѓаните на Австрија имаат право да им покажат среден прст на политичарите или да им испраќаат пцости доколку имаат оправдување за таквите акции, пресуди Апелацискиот суд на оваа земја повикувајќи се на слободата на мислата.

Вицеканцеларот на оваа земја и лидерот на австриската крајна десница, Хајнц Кристијан Штрахе, ги обвинил активистите на една радикална левичарска група дека „јавно го навредувале“ на една манифестација. На интернет се појави и видеоснимка од инцидентот.

Судот каде што била поднесена тужбата ја отфрлил, па потоа настапил Апелацискиот суд. Правото на провокативен и шокантен начин да се изнесува политичкото мислење е фундаментален дел од слободата на изразувањето, се наведува во пресудата објавена во средата.

На снимката од инцидентот припадниците на организацијата на крајната левица „Налево, веднаш“ имале многу причини поради кои, како што тврдат, имале право да испраќаат пцости и транспаренти со вулгарни зборови. Притоа, тие покажувале и среден прст.

Групата ја поздравила пресудата нарекувајќи ја победа на слободата на говорот и изразувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот