X
 04.03.2018 Култура

„Златна малина“ - прогласен најлошиот филм на годината

razi
Фото: Razzie Awards

Филмот „Emoji Movie“, анимирана комедија во 3Д, ја освои сатиричната „Златна малина“ за најлош филм на годината. Манифестацијата „Златна малина“ традиционално доделува награди за најлоши филмски остварувања, еден ден пред свеченото доделување на „Оскарите“.

Од фондацијата „Златна малина“ додаваат дека ова е најлошиот анимиран филм во 38 години.

„Еmoji Movie“ фрли сенка на големиот фаворит за оваа награда. Фаворитот со најмногу номинации беше филмот „Transformers: The Last Knight“.

„Филмот ’Emoji Movie‘ е холивудски рециклиран отпад на токсично ниво поради недостигот на оригиналност“, се додава во соопштението од фондацијата, чие мото за овогодишната манифестација беше „Како да се заштити човештвото од токсичен отпад“.

Филмот беше номиниран во 10 категории, а победи во 4 - награден е за најлошо сценарио, најлоша режија и најлоша екранизација.

Том Круз ја освои сатиричната титула за најлош актер на годината за улогата во филмот „The Mummy“.

Тери Тајлер ја освои наградата за најлоша актерка на годината за филмот „Boo 2!A Madea Halloween“, додека Ким Бесинџер доби „Златна малина“ за најлоша споредна женска улога во филмот „Fifty Shades Darker“. Мел Гибсон освои „малина“ за најлоша машка споредна улога за филмот „Daddy's Home 2“, а филмот „Baywatch“ ја освои првата специјална награда - „Special Rotten Tomatoes Award“. Оваа награда се доделува за најлошото остварување според онлајн-анкетата спроведена на веб-страницата „Ротен Томејтос“.

Победниците што обично не се присутни на церемонијата добиваат статуетка што чини 4,79 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура