X
 07.03.2018 Култура

Бил Мари: „Луѓето се како музика. Некои ја говорат вистината, другите се само гласни“


Бил Мари
(Фото: Wikimedia Commons)


Бил Мари е американски актер, комичар и писател, познат по своите улоги во филмовите „Истерувачи на духови“, „Денот на мрмотот“, „Изгубени во преводот“ и многу други.

Растел во едно предградие на Чикаго, без татко, а многу рано ја спознал важноста на комедијата за мрачните секојдневија. Страстен играч на голф, ексцентрик, како на филмското платно така и надвор од него, честопати гарфилдовски намуртен – тој навистина е уникатна појава во рамките на холивудската продукција.

Следуваат неколку мисли од Мари кои потврдуваат дека тој со полно право го носи епитетот „еден од најомилените актери во светот“, како што го опиша списанието „Ролинг стоун“.

***

Никој не ме подготвил да бидам толку супер. Шокиран сум. Шокиран сум што морам секое утро да се будам облеан со пурпурна светлина.

***

Некаде се води записник за сè што работите, затоа имате обврска да го живеете животот што можете подобро, и што е можно повеќе да се вклучите во светот околу вас.

***

Никогаш не треба да мислите на грешките и неуспесите бидејќи во спротивно ништо не се постигнува.

***

Неверојатно е моќно да се каже – „не“. Тоа навистина е најмоќната работа што можете да ја кажете.

***

Колку сте поопуштени, толку ќе бидете подобри во сè што работите – подобри ќе бидете со саканите, со непријателите, на своето работно место, подобри сами со себе.

***

Луѓето се како музика. Некои ја говорат вистината, другите само се гласни.

***

Една од работите што ги сакам во актерството е тоа што на некој смешен начин можам да бидам тоа што сум.

***

Тешко е да се биде уметник. Тешко е да се биде што било. Тешко е да се биде.

***

Не е возможно истата сцена секогаш да ја одиграте на ист начин. Физички е неможно, па тогаш зошто е ова мачење? Ако не биде тоа што се случува во истиот момент, тогаш не може да биде реално.

***

Одличен успех е да се сними и еден макар лош филм. Дури и тоа е неверојатен успех. Дводимензионалниот објект станува тридимензионален благодарение на тебе.

***

Сентименталноста за мене е симбол на напуштање на планетава. Бај-бај. Јавете ми кога ќе се вратите затоа што ве нема веќе. Заминавте.

***

Ако навистина толку многу сакате да добиете „Оскар“ – имате проблем. Исто како и кога страсно сакате свадба – ќе се ожените со кој било. Ако многу посакувате „Оскар“, тоа се претвора во соголена страст и амбиција. Станува непривлечно.

***

Ако не сте пица, тогаш одговорот е – да. Можам без вас.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура