X
 07.03.2018 Наука

Што е подобро за мозокот – пишување со рака или на тастатура?


Девојка пишува во тетратка
(Фото: Pixabay)


На Универзитетот „Принстон“ и на УКЛА се спроведени низа истражувања за да се открие влијанието на пенкалото и хартијата, односно тастатурата врз нашиот мозок.

Резултатите покажале дека пишувањето со пенкало, освен што влијае врз развојот на мозокот, помага и за подобро разбирање на материјалот, во споредба со пишувањето на тастатура.

Студентите кои на предавањата рачно ги запишувале белешките подобро го запомнувале и го разбирале напишаното, а се покажало и дека се поподготвени за прифаќање нови идеи.

Во втората студија, спроведена на Универзитетот во Индијана, научниците ги скенирале мозоците кај деца што пишувале со рака и кај деца што пишувале на тастатура. Се покажало дека мозочната активност е посилна кај децата што пишувале со рака.

Психолозите и невролозите им порачуваат на родителите да им ја ограничат употребата на тастатурите, компјутерите и паметните телефони на своите деца и во рацете да им дадат моливи, боички и четки за да ги стимулираат не само мозочниот развој и креативноста туку и  нивната моторика.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука