X
 08.03.2018 Наука

Конечно може да видиме што има зад облаците на Јупитер

оган

Научниците долго време се прашуваа што лежи под површината на Јупитер. Сега, користејќи податоци од мисијата „Џуно“ на НАСА, четири истражувачки тима објавиле истражувања што откриваат неверојатни нови информации за оваа планета.

Тие знаат малку работи за длабоките ентериери на гасните гиганти, како Сатурн и Јупитер, но тоа се менува. Во четири основни истражувања научниците обезбедија неверојатни согледувања за тоа каков е животот под облаците на Јупитер. Нивните набљудувања и анализи произлегуваат од клучните наоди од мисијата на НАСА, „Џуно“.

Во едно истражување Лучиано Лес, заедно со колегите, открил дека невообичаеното гравитационо поле на планетата, што не покажува симетрија на север-југ, е резултат на протокот на ветерот во неговата атмосфера и внатрешност.

Во друго истражување, Јохаи Каспи и колегите погледнале подлабоко во ветрот и потврдиле дека млазните струи на Јупитер се протегаат до 3.000 километри под нивото на облакот. Оваа група утврдила дека атмосферата на Јупитер изнесува 1 отсто од неговата вкупна маса.

Можеби дури и повозбудливо е тоа што Тристан Гилот заедно со неговиот тим открил дека 3.000 километри од површината на облаците на Јупитер се течна мешавина на водород и хелиум, што ротира како цврсто тело.

И на крај, Алберто Адријани и неговите колеги ги набљудувале циклоните на Јупитер користејќи видливи и инфрацрвени набљудувања на половите на планетата.

НАСА ја лансирала мисијата „Џуно“ во 2011 година, а бидејќи леталото стигнало до Јупитер во 2016 година, обезбеди непроценлив увид во гасниот гигант. Сега знаеме дека животната средина на Јупитер крие циклони што создаваат зашеметувачки обрасци и длабоки струи.

Овие истражувања го зголемуваат нашето разбирање за Јупитер. Тие можат да ни кажат повеќе за слични планети, како што е Сатурн, и да ни помогнат да го разбереме потеклото на нашиот Сончев Систем.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука