X
 08.03.2018 Економија

„Мастеркард индексот“ открива каде е најразвиено женското претприемаштво!


„Мастеркард“
(Фото: Wikimedia Commons)


Претприемачките имаат поголеми шанси за успех на поразвиените пазари, покажуваат резултатите од второто истражување на „Мастеркард индексот“ на женско претприемаштво. Кога би се споредиле резултатите со сопственичките на бизниси од пазарите што се во развој, претприемачките од развиените пазари имаат на располагање повеќе ресурси и можности, вклучително и пристап до капитал, финансиски услуги и програми за едукација.

Кога се анализираат општите резултати, индексот покажува дека жените што размислуваат за покренување бизнис и оние што веќе имаат свои компании постигнуваат успеси и покрај родово-културолошките предрасуди, кои претставуваат значајни препреки за деловен напредок.

Индексот ги следи напредокот и достигнувањата на претприемачките и сопственичките на компании на 57 пазари кои се протегаат на пет географски региони – Пацифичкиот Обрач, Европа, Јужна Америка, Блискиот Исток со Африка и Северна Америка.

„Мастеркард индекс“ за женско претприемаштво – топ-10 пазари со најпоттикнувачки услови за успех на претприемачките:

1.    Нов Зеланд – 74,2
2.    Шведска – 71,3
3.    Канада – 70.9
4.    САД – 70.8
5.    Сингапур – 69.2
6.    Португалија – 69,1
7.    Австралија – 68,9
8.    Белгија – 68.7
9.    Филипини – 68,0
10.  Обединето Кралство – 67.9

Индексот укажува дека ниту развиените пазари со подобри поттикнувачки услови не се имуни на културолошките предрасуди кај претприемачите. На Нов Зеланд резултатите покажале дека општеството е помалку наклонето кон жените-претприемачи. И покрај ваквите околности, претприемачките од Нов Зеланд ги надминале препреките и втора година по ред се на првото место на листата.

Индексот исто така укажува дека можностите за развој не зависат исклучиво од степенот на економската развиеност на пазарот. Пазарите во развој, како што е Гана (46,4%), заедно со Малави и Нигерија, се еден од трите нови пазари што биле вклучени во истражувањето, Уганда (33,8%) и Виетнам (31,3%) имаат повисок степен на женска сопственичка структура во бизнисот во споредба со развиените пазари. Жените на овие простори стануваат претприемачи од потреба, поттикнати од нагонот за преживување и покрај недостигот на финансиски капитал и пристап до поттикнувачки средства.

Удел на жените во сопственичкиот капитал – топ-10 пазари:

1.    Гана – 46,4%
2.    Русија – 34,6%
3.    Уганда – 33,8%
4.    Нов Зеланд – 33,0%
5.    Австралија – 32,1%
6.    Виетнам – 31,3%
7.    Полска – 30,3%
8.    Шпанија – 29,4%
9.    Романија – 28,9%
10.  Португалија -28,7%
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија