X
 08.03.2018 Култура

Вирџинија Вулф: „Како жена, јас немам своја земја. Како жена, мојата земја е целиот свет“


Вирџинија Вулф
(Фото: Wikipedia)


Романите на Вирџинија Вулф се одликуваат со богати описи на психолошкиот живот, но суптилно ги откриваат и проблемите на тогашното општество, како што се несоодветната нега на душевно-болните лица и родовата нееднаквост.

До крајот на својот живот Вирџинија Вулф била критички настроена бунтовничка, чии ставови сè уште држат чекор со модерниот свет:

***

Како што старееш, сè помила ти станува непристојноста.

***

Тие можат затоа што мислат дека можат.

***

Фатално е, чисто и едноставно, да се биде маж или жена: треба да се биде жена-маж или маж-жена.

***

Историјата на отпорот на мажите кон женската еманципација можеби е поинтересна од приказната за самата еманципација.

***

Жената мора да има пари и сопствена соба доколку сака да пишува фикција.

***

Единствено е важно да го пишувате она што сакате да го пишувате, а дали тоа ќе вреди со векови или со часови, тоа никој не може да го каже.

***

Никогаш немој да се преправаш дека работите што ги немаш не е вредно да ги имаш.

***

Постои само една работа што можете да ја научите, а таа е да верувате во себе.

***

Ако не ја зборуваш вистината за себе, не можеш да ја зборуваш ниту за другите луѓе.

***

Имав намера да пишувам за смртта, но, како и обично, од некаде се зададе животот.

***

Во текот на поголемиот дел од историјата анонимниот автор бил жена.

***

Не можете да пронајдете мир доколку го избегнувате животот.

***

Светлината тука бара темнина таму.

***

Како жена, јас немам своја земја. Како жена, мојата земја е целиот свет.

***

Заклучете ги своите библиотеки ако сакате, но не постои ниту една врата, ниту една брава, ниту едно резе со кое можете да ја заробите слободата во мојот ум.

***

Нема потреба да брзате. Нема потреба да сјаете. Нема потреба да бидете кој било друг освен вие самите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура