X
 09.03.2018 Наука

НАСА забележала чудни случувања на Марс


Ленд ровер на Марс
(Фото: Getty images)


НАСА забележала купишта камења на Марс кои потсетуваат на структурите настанати во Велика Британија и во Европа уште од предисториските времиња.

Во близина на северниот пол на Црвената Планета научниците идентификувале купишта камења подредени во хармонични редови со пругаста форма. Сепак, НАСА не верува дека се работи за вонземски структури.

„Што можело да ги организира камењата во вака хармонични структури? На Арктикот на Земјата карпите се организирани со еден посебен процес. Повеќекратното замрзнување и одмрзнување на земјиштето може да ги исфрли карпите на површината и да ги организира во редови, како пруги, па дури и во форма на кругови. На Земјата еден од овие температурни циклуси трае една година, но на Марс може да трае многу подолго“, наведуваат од НАСА.

Инаку, вселенската агенција пред извесно време беше обвинета за прикривање докази за вонземски живот на Марс.

Бари ди Грегорио, истражувач од Универзитетот во Бакингем, открил дека роверот на НАСА пронашол траги од некакви форми на живот, но агенцијата намерно ги прикривала поради стравот дека нема да добие буџет за идните мисии.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука